Проект „Подобро родителство за подобар успех на Ромските деца“

Проектот за (само) зајакнување на ромските родители и деца имаше за цел развивање на капацитетите на ромските семејства од општина Шуто Оризари.

Специфични цели на проектот:

  • Подигнување на свеста кај не-ромската заедница во однос на прашањата поврзани со ромските семејства и пристапот на нивните деца до квалитетно воспитание и образование, обезбедување услуги за ран детски развој и други услуги во заедницата;
  • Зајакнување на ромските родители за да можат да ги поддржат раните развојни и образовни потреби на нивните деца, преку обука и програми за учење во заедницата;
  • Зголемување на пристапот до квалитетно воспитание и образование за ромските деца;
  • Градење на капацитети за професионалци и парапрофесионалци за ран детски развој на Ромите

Овој проект се реализираше во најсиромашните делови на општина Шуто Оризари и работеше на развивање на капацитетите на ромските родители во едуцирањето на нивните деца и подигнување на свеста за важноста на раниот развој на нивните деца со цел тие да постигнат успех во  образованието и во животот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието