save the children

ПРОЕКТ: И ЈАС ИМАМ ГЛАС

i jas imam glasПотпирајќи се на заложбите на Р. Македонија за унапредување на правата на децата и младите потврдени со ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на децата во 1993 година, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија со поддршка на “Save The Children International” – Косово и Шведската Интернационална Агенција за развој подготви пилот проект „И јас имам глас“, со цел да ја унапреди јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата како и за важноста на градењето капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство. Проектот се реализира во рамките на Регионалниот проект за создавање одговорен систем кој ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот 2018-2020.

Во рамки на Проектот во 2018 година се спроведоа следниве активности во основните училишта „Дане Крапчев“, Скопје, „Братство“-Скопје, „Кирил и Методиј“ – Тетово и „Хрисијан Тодоровски Карпош“ - с. Драгоманце:

1. Четиридневна обука за наставници и ученици на тема „Учество на децата и партиципативно лидерство преку социјална правда“: 40 учесници – вкупно 12 наставници и претставници на стручните служби и 28 ученици (по 3 наставници/претставници на стручните служби и 7 ученици од 4 основни училишта) проследија содржини за аспектите на учеството на децата и партиципативното лидерство. Учениците се запознаа со можностите за учество во различните процеси во училиштето, а наставниците, како да ги користат своите позиции и знаења да им помогнат на учениците, да се застапуваат за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

2. „Библиотека на тркала“: опремена со сликовници, книги, математички дидактички средства и дигитални содржини редовно ќе ги посетува училиштата вклучени во Проектот. Целта е да се поддржат уметничките и драмските активности во училиштата, како и активностите во училишните клубови, преку обезбедување материјали, стручна помош и можности за презентирање на достигнувањата, споделување и вмрежување со останатите учесници во Проектот. Помеѓу посетите, учениците работат во сесии организирани од наставниците по часовите. Темите на проектните активности се фокусирани на правата на децата, учеството и зајакнувањето на децата и почита кон различностите.

3. Форум театар – драмски активности: Специјализирани обучувачи ги посетуваат училиштата со цел реализирање драмски активности во согласност со интересот и потребите на учениците, а под слоганот „И јас имам глас!“. Тие разговараат со учениците за тоа како сакаат да биде слушнат нивниот глас за важните теми во нивните заедници и заедно со нив создаваат драмски содржини кои ќе бидат изведени во соработка со наставниците.

4. Кампања за унапредување на јавната свест за правата на децата: Со цел унапредување на јавната свест за правата на децата, важноста на нивното учество и на младинскиот активизам, како и со цел споделување на резултатите од проектните актвности, предвидена е национална кампања под слоганот „И јас имам глас!“. Истата ќе се реализира преку мулти-медијален пристап со споделување печатени и електронски промотивни материјали, дискусии и настапи во медиуми и интернет кампања. Во кампањата ќе бидат користени видеа изработени од учениците вклучени во Проектот, а со јавноста ќе бидат споделени и проектните резултати.

5. Инспиративен настан: Кампањата ќе заврши со организација на инспиративен настан со формат сличен на популарните TEDx talks, адаптиран на локалниот контекст. Овој настан ќе биде единствена можност да се слушнат инспиративни приказни раскажани преку лично или професионално искуство на наставниците, родителите, учениците вклулени во Проектот. Истиот ќе биде посетен од бројни професионалци од областа на образованието од целата земја, претставници на засегнатите невладини организации, деца, млади и нивните семејства.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието