МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Отворен повик за за понуди за сензорна градина

1. Повик број: БИДИ ИН - 2021/4
2. Финансирање: Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија
3. Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (понатаму само Фондацијата)
4. Корисник на опремата/елементите за сензорна градина: ООУ Григор Прличев, Охрид
5. Подобност и правила на потекло: Понудувачи можат да бидат трговски и производствени фирми од Република Северна Македонија. Понудувачите не смеат да се најдат во ниту една од следниве ситуации:
  • да се во стечај, неликвидни или во постапка на ликвидација, каде со нив управуваат стечаен управник или суд, односно се во договор со доверители,
  • да се суспендирани нивните деловни активности,
  • со конечна пресуда или конечна административна одлука да е утврдено дека ги прекршиле своите законски обврски за плаќање даноци или придонеси;
  • со конечна пресуда или конечна административна одлука е утврдено дека се виновни за сериозни повреди на законските или етичките стандарди на професијата, ида ги нарушуваат етичките стандарди на професијата со стапување во договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата.

6. Валидност на понудата: Понудите мора да останат валидни заклучно со 31 декември 2021 година.
7. Краен рок на извршување: 25 календарски дена по склучување на договор.
8. Бодување и критериуми
  • 70% (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи
  • 5 % (од вкупните бодови) = Цена за транспорт
  • 10 % (од вкупните бодови) = Комплетност на понудата. Понудата е комплетна ако ги содржи сите барани позиции.
  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
  • 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање

9. Документацијата која ги содржи спецификациите и формуларот за поднесување на понудата ќе ја добиете со симнување ТУКА.
10. Начин и краен рок за поднесување на понудите: Понудите можат да се достават лично или по пошта на адресата на Фондацијата, бул. „Партизански одреди“ 72а (мезанин), 1000 Скопје, или електронски на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Краен датум за достава на понудите: 25.11.02.2021 год. до 16.00 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
11. Нарачателот го задржува правото да не ги нарача сите ставки/елементи од понудата.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието