МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Отворен повик за лице за привремена поддршка на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 лице за привремена поддршка на реализацијата на активностите од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.

Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Крајниот рок за доставување на апликациите е 12.08.2014 до 16 часот.

Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски

Под раководство на колективот на фондацијата, лицето ќе ги извршува следниве активности:


  • обезбедува логистика и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • осмислува и реализира креативни активности за деца во рамки на Читачкиот караван;
  • учествува во организација и реализација на промотивни настани во рамки на Читачкиот караван;
  • учествува во организација и реализација на креативни и друг вид активности во Детскиот креативен центар;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци; 
  •  изведба на други сродни задолженија.

За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:

Образование: ВССили последна година од студии

Претходно работно искуство: Не е потребно.

Обука на работното место: Упатување во политиките и процедурите на работење на Фондацијата „Чекор по чекор“ во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.

Познавање јазици: Познавање на македонски и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Вештини и способности: Компјутерски вештини и комуникациски вештини. Поседување возачка дозвола.

Дополнителни информации:

Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.

Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.

Конторола: Надгледувањето го врши Проектниот координатор.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието