Отворен повик за административен асистент за Проектот „Образованието - клуч за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 административен асистент за работа на проектот Образованието – клуч за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите. Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба да достават кусо мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Крајниот рок за доставување на апликациите е 24.12.2015 до 12 часот. Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.
Главни задолженија и обврски:
Обврска на Асистентот е секојдневно да му помага на Проектниот менаџер во генералните административни и финансиски задолженија, како и да соработува со проектните партнери преку секојдневна комуникација и редовни посети на проектните локации. Под раководство на Проектниот менаџер, Асистентот ќе ги извршува следниве активности:
За својата работа Асистентот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со Проектниот менаџер.
Барани квалификации:
Образование: ВСС
Претходно работно искуство: Да се наведе во биографијата.
Тренинг на работното место: Упатување во полисите и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“ во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.
Познавање јазици: неопходно е познавање на македонски и англиски јазик, познавање на ромскиот јазик се смета за предност.
Знаење: Запознаеност со образовната состојба на ромската популација.
Вештини и способности: комуникациски вештини, тимска работа, компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот.
Асистентот работи во соработка со и под надзор на Проектниот менаџер.

- обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
- помага во организација на настани, семинари и состаноци;
- ги архивира електронските и пишаните материјали;
- редовно го следи одвивањето на работата на проектните локации преку теренски посети и подготвува извештаи од посетите;
- подготвува документација за исплати и води финансиска евиденција;
- се грижи за непречен проток на информации поврзани со проектот.