МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Оглас за ангажирање на експерт за подготовка и реализација на 18 „ПРЕД и потоа“ видеа како дел од проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“

Еден од главните приоритети на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е промоција на инклузивно образование достапно за сите деца. Во тој контекст, Фондацијата го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија и во соработка со Министерството за образование и наука. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца, преку:

  • осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;
  • спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;
  • градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;
  • намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;
  • обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес.


СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОДИГНЕ ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ВАЖНОСТА ОД ИНКЛУЗИВНИ И ПРИСТАПНИ УЧИЛИШТА ПОТРЕБЕН Е ЕКСПЕРТ ЗА ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА 18 „ПРЕД И ПОТОА“ВИДЕА КОИ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ ПРОМЕНАТА ВО УЧИЛИШТАТА ПРЕД И ПО РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНАТА ИНКЛУЗИВНОСТ И ПРИСТАПНОСТ.

 ОПИС НА АНГАЖМАНОТ за подготовка и реализација на 18 „ПРЕД и ПОТОА“ видеа (видеата се наменети за Facebook прикажување)

  • состаноци со проектниот тим за дефинирање на содржината на видеата;
  • теренска посета со проектниот тим на училиштата кои ќе бидат предмет на „ПРЕД и ПОТОА“ видеото со цел снимање на направените промени;
  • подготовка на визуелниот идентитет на видеото;
  • снимање на видеата;
  • монтажа и продукција на видеата.


ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

Подготовка и реализација на 18 „ПРЕД и ПОТОА“ видеа- Почеток на ангажманот е 1ви јануари 2022г., а крајот е 31.01.2023г. Времето на реализацијата на видеата ќе се договара со проектниот тим.

КАНДИДАТОТ КОЈ СЕ ПРИЈАВУВА НА ОВОЈ ПОВИК ТРЕБА:

  • да има искуство во подготовка, снимање и продукција на видеа (минимум 10 видеа);
  • да има искуство со реализирање на активности поврзани со образование на ранливи групи и инклузија (минимум 5 активности);
  • да има соодветно образование т.е завршен факултет за драмски, филмски или ликовни уметности;
  • да достави понуда со предлог буџет. Во предлог буџетот треба да се вкалкулирани трошоците за персонален данок и сите други можни дополнителни трошоци (Опремата за снимање на видеата ќе биде обезбедена од Проектот)


КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

  • ЦЕНА (55%)
  • СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО (45%)

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија кои ги исполнуваат наведените услови. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават куса професионална биографија и предлог буџет на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Предлог буџетот треба да биде изразен во ЕУР, во следниот формат:

Опис

Количина

Единечна цена во ЕУР

Вкупна цена во ЕУР

 

Подготовка и реализација на „ПРЕД и ПОТОА“ видеа

18

   


Проектот го задржува правото да не избере понудувач доколку процени дека доставените предлози не одговараат во целост со потребите. Проектот исто така го задржува правото, во договор со избраниот понудувач, да ја промени временската динамика, како и да ги модифицира барањата врзани за очекуваните резултати. Проектот го задржува правото да воведе дополнителни разумни критериуми и побара дополнителна документација.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 24 декември 2021 година,  до 16:00 часот.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието