Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ започна со реализирање на проектот AРИСЕ: „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, кој има за цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации за развој на политики и застапување на полето на рамноправност во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции. Ова е четиригодишен проект (април 2020 - март 2024), финансиран од Европската Комисија, што го спроведува конзорциум на организации од шест држави.

Проектот го зафаќа прашањето на сиромаштијата и нејзиното влијание врз учениците на две нивоа: од една страна образовните и социјалните политики можат да обезбедат долгорочни решенија за подобрување на рамноправноста во образованието, а од друга пилот интервенциите на училишно ниво помагаат при задоволување на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието