Почеток на реализација на проект „Децата на 1-во место!
На почетокот на оваа година Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ започна да го реализира проектот „Децата на 1-во место!“ со цел да го поддржи и промовира почитувањето на правата на детето како предуслов за демократски училишни заедници кои градат и негуваат активни и одговорни граѓани.
Проектот е финансиран од Европската Унија и ќе се спроведува во периодот 16.01.2023-15.01.2026 г.
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е носител на проектот кој ќе го спроведува во соработка со релевантните институции во земјава.