Резултати од јавен повик за набавка во рамки на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ - објавa број: БИДИ ИН - 2022/1

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а има за цел да придонесе кон целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

На 11.02.2022 година како дел од проектот беше објавен јавен повик за набавка на опрема за сензорна соба, асистивна технологија, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско-рекреативна опрема; опрема за детски инклузивни игралишта; опрема за надворешни/внатрешни сензорни градини/катчиња.  Рокот за доставување на понудите беше 01.03.2022 во 16 часот.

Во продолжение се дадени резултати од разгледувањето на понудите пристигнати како одговор на повик за набавка на опрема за сензорна соба, асистивна технологија, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско рекреативна опрема; опрема за детски инклузивни игралишта; опрема за надворешни/внатрешни сензорни градини/катчиња во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“:

ЦЕЛИНА 1: Опрема за сензорна соба, асистивна технологија, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско-рекреативна опрема

ТИП НА НАБАВКА

ИЗБРАН ДОСТАВУВАЧ

Опрема за сензорна соба, асистивна технологија, едукативни и дидактички материјали и рехабилитациско-рекреативна опрема

 ТРИМАКС ДОО

 

ЦЕЛИНА 2: Опрема за детски инклузивни игралишта

ТИП НА НАБАВКА

ИЗБРАН ДОСТАВУВАЧ

Опрема за детски инклузивни игралишта

 ТРИМАКС ДОО

 

Целина 3: Опрема за надворешни/внатрешни сензорни градини/катчиња

ТИП НА НАБАВКА

ИЗБРАН ДОСТАВУВАЧ

Опрема за надворешни/внатрешни сензорни градини/катчиња

 ТРИМАКС ДОО

 

Доколку компаниите кои се јавија на тендерот и доставија понуди имаат дополнителни прашања истите може да ги постават кај Марина Бојанова на 070 780 708 или на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието