Објава за набавка на училиштен мебел, спортски реквизити и материјали за цртање/сликање

decata na prvo mesto header

  • Објавa број: Децата на 1-во место! 2024/1
  • Финансирање: Проект „Stand up 4 Children Rights! / Децата на 1-во место“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, (понатаму само Проектот)
  • Нарачател: Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (понатаму само Фондацијата)
  • Корисници на опремата: 5 основни училишта од Република Северна Македонија

 

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

  • Опис на набавката:

Предмет на набавката е испорака и монтирање на училиштен мебел за опремување просторија за работа на Ученичкиот парламент, спортски реквизити и материјали за цртање/сликање обезбеден од страна на понудувачот, дадени во три целини.

  • Име на целината (комплетната документација се добива согласно долунаведените барања)

Целина 1: Училиштен мебел
Целина 2: Спортски реквизити
Целина 3: Материјали за цртање/сликање 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Подобност и правила на потекло

(1) Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство. Оние фирми со кои Фондацијата има претходно соработувано мора целосно, квалитетно и навремено да ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски.

Воедно, понудувачите не смеат да се најдат во ниту една од следниве ситуации:

  • да се во стечај, неликвидни или во постапка на ликвидација, каде со нив управуваат стечаен управник или суд, односно се во договор со доверители,
  • да се суспендирани нивните деловни активности,
  • со конечна пресуда или конечна административна одлука да е утврдено дека ги прекршиле своите законски обврски за плаќање даноци или придонеси,
  • со конечна пресуда или конечна административна одлука е утврдено дека се виновни за сериозни повреди на законските или етичките стандарди на професијата, и
  • да ги нарушуваат етичките стандарди на професијата со стапување во договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата.

(2) Воедно понудувачите треба да бидат во состојба, односно да поседуваат доволни финансиски, технички и кадровски капацитети за да ги исполнат барањата од соодветната целина/соодветните целини на која/кои се пријавуваат.

(3) Потекло на производите и националноста на понудувачот: Нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, понудувачот и потеклото, согласно договорот за Спроведување на проектот потпишан меѓу Европската Унија и Фондацијата, но производите на фирми со седиште во / односно со потекло од Европската Унија и долунаведените земји имаат предност (изразена со начинот на бодување). Земјите кои согласно правилата на донаторот на средствата имаат предност како земји на потекло се: Земјите членки на ЕУ, Велика Британија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора, Турција и Република Северна Македонија. Овој критериум се воведува со цел обезбедување на соодветен квалитет на понудените производи и придржување кон стандардите за еко-биолошка безбедност. Сертификатот за стандард за  квалитет (ISO) исто така ќе се земе предвид при доделувањето бодови  поврзани со квалитетот на понудените производи.

Седиштето на производителот ќе се докажува со официјална писмена изјава, а земја на производство со сертификат добиен при увоз кој е прифатен како валиден и во процесот на царинење во РС Македонија (Еур 1, фактура со зацрнети влезни цени, во која се наведени земји на потекло, заверена од извозната царина или сл.). За производи произведени во РСМ се доставува изјава од производителот. Земјата на потеклото односно производство на производите ќе се докажува со официјална писмена изјава или со оригинално пакување од чиј печатен опис е очигледно потеклото односно производството. Доколку ваков податок на пакувањето нема или е нејасен и општ (на пример Произведено во ЕУ или сл.) ќе се смета дека не е произведено во земјите кои имаат предност при бодувањето. За таа цел, Фондацијата го задржува правото да побара на увид примероци од понудени артикли за да се увери во оригиналноста на пакувањето.  Овие документи не треба да се достават во понудата, туку ќе се достават од најуспешниот понудувач пред испорака и ќе бидат услов за исплата.

  • Основа за исклучување

Понудувачите мораат да изјават дека не се во ситуација наведена во првиот дел на Точка 7 (1) и дека ги исполнуваат барањата од Точка 7 (2), што се прави со пополнување на самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

  • Број на понуди

Еден понудувач може да даде целосна понуда за една, две или за сите целини. Секоја целина е предмет на посебен договор и спецификацијата дадена во неа е неделлива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Некомплетни понуди за поединечната целина нема да бидат разгледувани.

  • Гаранции

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

На успешниот понудувач може да му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот, изразена во МКД. Во ваков случај, истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена пред потпишување на договорот од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција ќе се побара САМО од оние понудувачи кои ќе побараат авансно плаќање.

  • Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни до крајниот датум на извршување.

  • Краен рок на извршување

30 календарски дена по доставување на писмено барање за нарачка од страна на Фондацијата.

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

  • Бодување и критериуми

За Целина 1

  • 60 % (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи и цена на транспорт
  • 10 % (од вкупните бодови)= Гарантен рок
  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
  • 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
  • 15 % (од вкупните бодови) = Квалитет, кој се докажува со потврда за земја на потекло / земја на производство односно потврда за ISO Стандард.


За Целина 2

  • 60 % (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи и цена на транспорт
  • 10 % (од вкупните бодови)= Гарантен рок
  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
  • 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
  • 15 % (од вкупните бодови) = Квалитет, кој се докажува со потврда за земја на потекло / земја на производство односно потврда за ISO Стандард.

 

За Целина 3

  • 70 % (од вкупните бодови) = Цена на побараните производи
  • 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ
  • 5 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање
  • 15 % (од вкупните бодови) = Квалитет, кој се докажува со потврда за земја на потекло / земја на производство односно потврда за ISO Стандард.


КОНКУРИРАЊЕ

  • Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација следува во продолжение ТУКА

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат: по писмен пат на адреса на Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (Бул. Партизански Одреди 72а, мезанин, 1000 Скопје) или по електронска пошта на адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), не подоцна од 5 ден од последниот рок за примање на понудата даден во Точка 15. Фондацијата (ќе одговори на прашањата на ист начин во рок од 2 дена).

  • Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Објава бр. Децата на 1-во место!  - 2024/1“, со назнака на целината/целините за која/кои се конкурира, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

Фондација „Чекор по чекор“, бул. „Партизански одреди“ 72а (мезанин), 1000 Скопје, РСМ

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на Фондацијата, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до 09 мај 2024 год. до 12.00 часот.

  • Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отворање на понудите нема да има!

Резултатите ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Фондацијата во рок од 3 дена од донесување на одлуката.

Рок за жалба: 5 дена од денот на известување за резултатите од објавата за набавка

Договорот ќе се потпише во рок од 10 дена од донесување на одлуката.

 

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието