Дислексија

Дислексијата претставува специфична тешкотија во читањето. Луѓето со дислексија немаат интелектуални тешкотии но имаат проблем да читаат со добро темпо и без грешки, при читањето со разбирање, правописот и пишувањето, што може да се преслика и во проблеми со математиката и другите предмети. Дислексијата може да доведе до социјални, емоционални и бихевиорални тешкотии, на пр. проблеми во комуникацијата и играта со врсниците, анксиозност, депресија или несигурност. Негирањето, гневот, вината, срамот и стравот се општи емоционални одговори пред лицата да постигнат некое ниво на прифаќање на попреченоста. Возрасните лица со дислексија изјавуваат дека тешкотиите на училиште влијаеле да се чувствуваат засрамени и глупави и да имаат ниска самодоверба. Се проценува дека меѓу 5 и 10 проценти, а некои експерти тврдат и дури 17 отсто од луѓето доживуваат некакви проблеми со читањето.

>> ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА <<

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието