Учењето е заедничко искуство на децата и возрасните. Сè што можат да научат е она што ќе го откријат едни од други.
„Единствен учител достоен на тоа име е оној кој го буди духот на слободното мислење и кој го развива чувството на лична одговорност.“ – Јан Амос Коменски
„Учителите треба да ги поттикнат учениците да го истражат светот, да ги поддржат во поставувањето прашања и барањето одговори и да ги предизвикаат да ја разберат комплексноста на светот.“ – Брукс
Детството е период на неизмерни можности. Затоа треба да им помогнеме на децата да го искористат овој период – да ја поттикнеме нивната љубопитност и желба за учење и истражување.
Ако планирате за следните 10 години – засадете дрво. Ако правите планови за следните 100 години – подучувајте деца.
„Однесувајте се кон луѓето како да се она што би требало да бидат и ќе им помогнете да станат она за што навистина се способни.“ – Гете
„Не ограничувајте ги децата на вашето сопствено учење, бидејќи тие се родени да живеат во друго време.“ – Еврејска поговорка
Образованието не е само подготовка за живот. Образованието е живот само по себе.
Учењето е љубопитност, впуштање во предизвици, одбивање нештата да се прифатат без објаснување.
„Успешни учители се оние кои го донеле своето одделине до состојба да можат да кажат: Учениците ќе продолжат да работат на зададените активности, без разлика на тоа дали јас сум со нив или не.„ – Марија Монтесори
Компетентниот учител за XXI век ги учи децата различностите да ги сфаќаат како богатство. Да градат и да бидат активни членови на отворено општество. Општество кое се заснова на рамноправност и почит.
Грижата, негата и подучувањето се неразделни зашто добросостојбата на детето е основа на неговото учење.
Образованието е ослободување на она што спие во душата. На нас е да им овозможиме на децата целосно да ги развијат своите потенцијали. Тоа што детето може да биде зависи од возрасните.
„Однесувајте се кон луѓето како да се она што би требало да бидат и ќе им помогнете да станат она за што навистина се способни.“ – Гете
Зборовите му говорат на умот. Учителот му говори на срцето.
„Фантазијата е поважна од знаењето.“ – Анштајн
„Дај ми риба, ќе јадам еден ден. Научи ме да ловам риба, ќе бидам сит цел живот.“ стара поговорка
„Учениците кои учат во стимулативна средина, можат ефективно да решаваат проблеми и да донесуваат одлуки.“ – Диксон
Кога ќе не нема, на најголемиот дел од нас ќе се сеќаваат само неколкумина. На учителите се сеќаваат илјадници до крајот на животот.
Додека учителот подучува, тој учи. Додека детето учи, тоа подучува.
„Со лоши методи дури и добрите книги и добрите учители стануваат бескорисни.“ – Томасио
Семејството е првото училиште на детето.
Секое дете и семејство треба да биде вклучено, почитувано и вреднувано.
Подемот на генерациите на иднината е во рацете на учителите на денешницата.
„Образованието треба да биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување на почитта на човековите права и слобода.“ – Жан Пијаже
Во занималната/училницата секое дете треба да се чувствува како дел од семејство во кое неговите чувства, потреби, идеи и искуства се почитуваат.
„Ние веруваме дека децата се нашата иднина. Да им ја покажеме убавината што ја носат во себе и да правиме сè за да се чувствуваат горди. Нивната смеа нека не потсети какви бевме некогаш.“ – Џорџ Бенсон
Учителот засадува семе. Се грижи за него. Го следи додека цути и расте. Учителот е сонцето, водата и храната.
Компетентните учители за XXI век знаат дека нивните задачи подразбираат многу повеќе од предадени лекции, дека нивните одговорности се многу повеќе од исполнување зададени програми.
Учењето е доживотна авантура - почнува со раѓањето и нè следи низ целиот живот.
Дарбата за подучување е единствен талент кој подразбира желба, потреба и страст. Подучувањето е уметност на инстинктот, будење на потенцијалите, трагање по значењата, стрпливост и поврзување.
„Умот не е брод што треба да се натовари, умот е оган што треба да се разгори.“ - Плутарх
„Највисоката уметност на секој учител е да ја разбуди желбата и страста за креативно изразување и учење“ - Анштајн
„Правилното воспитување се состои во тоа од секого да се извлече она што е најдобро.“ – Ганди
  • 7642769922_22bf3e5b61_o - Copy.jpg
  • crop_6848.jpg
  • crop_6867.jpg
  • DKC.jpg
  • DSC_0038.jpg
  • DSC_0049.jpg
  • DSC_0072 Ff.jpg
  • DSC_0077.jpg
  • DSC_0084.jpg
  • DSC_0120.jpg
  • DSC_0162.jpg
  • DSC_0199.jpg
  • DSC_0224.jpg
  • DSC_0225.jpg
  • DSC_0255.jpg
  • DSC_0572ubavo mi stojat.jpg
  • DSC_0739.jpg
  • IMG_1283.jpg
  • IMG_2158.jpg
  • IMG_6521.jpg

WELCOME!

The Foundation for Education and Cultural Initiatives "Step by Step" - Macedonia focuses its capacities toward the democratization of the process of education by promoting and nourishing the idea of constant training and support for the teachers, pedagogues and pre-school and school principals, while, at the same time, maintaining fruitful cooperation with the government institutions and pedagogical institutes.

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието