Проектот се стреми да ја поддржи образовната и социјалната инклузијата на ученици со низок социо-економски статус преку градење на национални и регионални партнерства на граѓански организации со цел застапување, конструктивен политички дијалог со владите, подигање на свеста кај засегнатите страни и пилот интервенции.
Специфичните цели се реализираат на две нивоа:
- На ниво на политики: застапување и вклучување во конструктивен политички дијалог со властите наменет за поддршка на ученици со низок социо-економски статус и градење национални партнерства преку поддршка на локални граѓански организации и подигање на свеста кај засегнатите страни за влијанието на сиромаштијата врз образованието и благосостојбата на децата;
- На ниво на училиште: врз основа на регионални и меѓународни искуства, осмислување на ефективна училишна програма за поддршка на ученици со низок социо-економски статус и придонесување кон намалување на последиците од сиромаштијата врз ученичките постигања и општата благосостојба на учениците со низок социо-економски статус.