Општа цел
Главна цел на проектот е да придонесе кон остварување на правата пристап до услуги и на социјална и општествена инклузија на деца и млади со попреченост преку зајакнување на локалната свест и капацитети за градење на одржливи партнерства во локалните заедници. Проектот ќе развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни за осмислување и обезбедување пристап до локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост и поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување.