Одржано второто издание на "Speech4Teach - инспирација за едукација“!
На 1 ноември 2017, во Младински културен центар - Скопје, го одржавме второто издание на настанот "Speech4Teach - инспирација за едукација“. Настанот е организиран во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ и понуди повеќе интересни содржини:
- изложба на постер презентации и портфолија на наставници кои членуваат во заедници за учење во основните училишта: Блаже Конески - Велес, Блаже Конески - Прилеп, Манчу Матак - Кривогаштани, Прпарими - Чегране, Васил Главинов - Велес, Тошо Велков Пепето - Кавадарци и Григор Прличев - Охрид
- креативни активности за ученици во Детски креативен центар
- Инспиративни говори од областа на образованието и писменоста споделени од страна на избрани говорници:
-Шпетим Љатифи - раководител на Проект на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, тема: „Граници на инклузивното образование“
-Кирил Барбареев - професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и блогер за образование, тема: „Промена на парадигмата за образование на наставници во Македонија“
-Радмила Рангелов Јусовиќ – извршна директорка на Центарот за образовни иницијативи „Чекор по чекор“ – Босна и Херцеговина (видео обраќање), тема: „Подучување на вредности низ литература“
-Гораст Цветковски - актер при Македонскиот народен театар и родител, тема: „(Не) уморен дигитален родител“
-Ванчо Полазаревски – автор на литература за деца, тема: „Мојата сериозна обврска да мечтаам“, тема: „Мојата сериозна обврска да мечтаам“
-Весела Богдановиќ – одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ – с.Ивањевци, Могила, меѓу ТОП 50 иновативни наставници во светски избор Global Teacher Prize, тема: „За професионален совет, прашај го ученикот“ и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – с.Ивањевци, Могила, тема: „Каков наставник би бил јас?“
На официјалното отворање на настанот се обратија и претставникот на УСАИД во Република Македонија, Дејвид Атебери, директорот на Бирото за развој на образованието, Ризван Беља и директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“, Сузана Киранџиска.
Им благодариме на сите учесници и гости кои придонесоа за незаборавно искуство на "Speech4Teach - инспирација за едукација“!