AРИСЕ: „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието,
Проектот го зафаќа прашањето на сиромаштијата и нејзиното влијание врз учениците на две нивоа: од една страна образовните и социјалните политики можат да обезбедат долгорочни решенија за подобрување на рамноправноста во образованието, а од друга пилот интервенциите на училишно ниво помагаат при задоволување на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус.
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за рамноправно учество во процесите на развивање политики и застапување за праведност и рамноправност во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции.
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
Проектот се стреми да ја поддржи образовната и социјалната инклузијата на ученици со низок социо-економски статус преку градење на национални и регионални партнерства на граѓански организации со цел застапување, конструктивен политички дијалог со владите, подигање на свеста кај засегнатите страни и пилот интервенции.
Специфичните цели се реализираат на две нивоа:
- На ниво на политики: застапување и вклучување во конструктивен политички дијалог со властите наменет за поддршка на ученици со низок социо-економски статус и градење национални партнерства преку поддршка на локални граѓански организации и подигање на свеста кај засегнатите страни за влијанието на сиромаштијата врз образованието и благосостојбата на децата;
ПРОЕКТНИ КОМПОНЕНТИ И АКТИВНОСТИ:
Во рамките на проектот планирани се следниве активности:
- Анализа на политики и истражувања на состојбите и поставеноста на системите со што ќе се понудат препораки за подобрувања и иновации;
- Застапување и подигање на јавната свест преку развој на алатки и процеси и поддршка на граѓанското општество и на коалиции на засегнатите страни активни на полето на борбата против сиромаштијата, како и преку меѓународна конференција и национални и регионални настани наменети за унапредување на образовните политики;
- Развивање на капацитетите на граѓански организации преку обуки, менторство, поддршка во работата, едукативни настани, студиска посета, „летна школа“, регионални работилници и програма за училишен развој;
- Училишни интервенции во 5 училишта во секоја земја засновани на холистички училишен развој, менторство и развивање одржливи училишни практики со цел намалување на разликите и сиромаштијата.
Проектот AРИСЕ: „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ е финансиран од Европската Комисија и се спроведува од Конзорциум составен од: Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Северна Македонија; „Косовскиот образовен центар“, Косово; „Мрежата на центри за образовни политики“, Хрватска; Универзитетот Шабанџи - Иницијатива за образовни реформи“, Турција; „Децата се иднината“, Албанија; „Центарот за образовни политики“, Србија; „проМЕНТЕ“ социјални истражувања, Босна и Херцеговина; и Центарот за образовни иницијативи „Чекор по чекор“, Босна и Херцеговина.