СЕДУМ ЧАСОТ НАУТРО




Низ прозорецот Сончко
светлина прати, треба
да станам Пеце веднаш
сфати. Се проѕева слатко
и станува без мака, новиот
ден да го зграпчи тој сака.
ОСУМ ЧАСОТ НАУТРО




Со паста и четка запчињта ги мие,
со сапунче уши и лицето го трие.
Хигиената половина здравје е,
тој тоа добро го знае.
ДЕВЕТ ЧАСОТ ПРЕТПЛАДНЕ




Сладок појадок приготвила
мама лепче, млекце и вкусна
салама. Брзо лапна сѐ, уште
лепче бара секогаш е гладен,
тоа е приказна стара.
ДЕСЕТ ЧАСОТ ПРЕТПЛАДНЕ




На полјанка зелена со
другарчињата свои, веселиот
Пеце планови за игри крои.
Времето е прекрасно, секое
цвеќе цвета, топката се
тркала, високо змејот лета.
ЕДИНАЕСЕТ ЧАСОТ НАУТРО




Прегладнет Пеце кон својот дом
ита, го чека сокче и овошна пита.
За нови игри тој собира сила,
вкусната ужина за тоа дава крила.
ТРИ ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ




Преморен тато од работа се
враќа, бакнеж и поздрав со
своето синче праќа.
“Ќе ми раскажеш ли тато
приказна една? Немоќен да го
одбие тој во фотелјата седна.”
ЧЕТИРИ ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ




Изморен Пеце од играта бесна,
по ручекот прилегна, за починка
лесна. Сликовница листа, слатко тој
се смее, другарството со книгата
убаво му е.
ШЕСТ ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ




Ѕвонче ѕвони, кој ли иде? Бабичка
тоа мора да биде. Нестрпливо
Пеце да го види сака прекрасниот
подарок во нејзината рака.
СЕДУМ ЧАСОТ НАВЕЧЕР




Низ собата ширна смеа се лее,
пред телевизорот Пеце седи и
се смее. Цртан филм гледа, не
трепнува за миг, Мики Маус е
неговиот омилен лик.
ОСУМ ЧАСОТ НАВЕЧЕР




Мракот полека небото го
зави кога на перниче главата
Пеце ја стави. Низ царството на
сништата патува тој, воден од
Месечко и ѕвезди безброј.