МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Оглас за избор на градинки кои ќе учествуваат во пилотирање/разгледување на Македонската рамка за квалитет во ПОВЗ во рамки на Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование


Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија го спроведува проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“. Проектот се финансира со средства од Европската Унија, преку Централното финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии, а се спроведува од Фондацијата „Чекор по чекор“ - Македонија во соработка со ЦСИ Надеж и Биро Мутант од Холандија.

Главна цел на проектот е да придонесе кон тековните реформи за интеграција во Европската Унија преку зајакнување на компетенциите и улогата на граѓанското општество во осигурување на рамноправност и квалитет во раниот детски развој / предучилишното образование, воспитание и згрижување, преку воведување на инструментот развиен во ЕУ за осигурување на стандард на квалитет и во предучилишното образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ) и воедно промовирање на демократското учество на граѓанското општество во мониторирањето на процесите на подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ПОВЗ / ран детски развој. Специфични цели на проектот се:
- Развивање на Македонска рамка за квалитет во ПОВЗ заснована на Клучните начела на рамката за квалитет за ПОВЗ, и
- Градење на свест и способности на граѓанското општество за неговата улога во подобрувањето на политики и практики и унапредување на вклученоста на засегнатите страни во мониторирање и осигурување на квалитет во ПОВЗ.

Во рамките на проектните активности, се предвидува и консултација со засегнатите страни во ПОВЗ. За таа цел, се покануваат заинтересирани установи за ПОВЗ да учествуваат во разгледување на Рамката за квалитет преку фокус групи и интервјуа со раководниот, воспитувачкиот и негувателскиот кадар и родителите. Основен критериум за избор, покрај покажаниот интерес и подготвеност за учество е искуство или интерес за соработка и вклученост на граѓанскиот сектор во активностите на установата.
Ги покануваме заинтересираните установи да достават писмо за заинтересираност на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 29.06. 2018 до 12 часот.

___________________________________________________________________

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ објавува

ОГЛАС
за продажба на моторно возило по пат на јавно наддавање со доставување затворени писмени понуди

Предмет на продажба е патничко моторно возило Land Rover Discovery, произведено 2001 година, 2495 ццм, дизел, со поминати 144.520 км, регистрирано до 24.12.2018 год.

Возилото може да се види на ден 05.06.2018 год. oд 12 до 14 часот на адреса бул. Партизански одреди 72а, Скопје со претходна најава на 072 307 323.
Затворените понуди со назнака “за наддавање” треба да се достават заклучно со 07.06.2018 год. до 14 часот. Ве молиме наведете телефон за контакт.
Понудите ќе бидат отворени на ден 07.06.2018 год. до 16 часот од комисијата на Фондацијата без присуство на понудувачите.
За резултатите од изборот понудувачите ќе бидат известени веднаш на телефонот кој го имаат наведено со понудата.
Најдобриот понудувач е должен да ја плати вкупната цена најдоцна во рок од 7 дена на банковната сметка на Фондацијата.

Дополнителни информации можат да се добијат на 072 307 323, секој работен ден од 9 до 17 часот.

___________________________________________________________________

Отворен повик за учество во Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија го спроведува проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка ( European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS), во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост и поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:
- Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
- Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон образовниот процес, во програми за образование и стекнување вештини за вработување.

Проектни корисници:
- 100 ученици и млади со попреченост кои посетуваат основни и средни училишта
- 12 основни училишта
- 6 средни училишта
- 6 општини
- 100 невработени млади со попреченост

Една од клучните активности на Проектот е градење Општини по мерка на лицата со попреченост. Тоа ќе се спроведува преку подобрување на капацитетите на сите засегнати страни и развивање колаборативни механизми за планирање и спроведување активности. Овој повик е отворен за сите општини кои се заинтересирани да ја подобрат состојбата на лицата со попреченост и се подготвени да ги спроведат проектните активности и да формираат интер-ресорски проектен тим, во кој ќе членуваат:
- претставници на општината, задолжени за образование, вработување, инклузија или соработка со граѓанскиот сектор
- по 2 основни училишта кои вклучуваат ученици со пречки во развојот во редовната настава
- по 1 средно училиште кое вклучува/или е подготвено во својата работа и во своите студентски органи да вклучи ученици со пречки во развојот
- 1 невладина организација активна на полето на инклузија на лицата со пречки во развојот.

Апликацијата треба да биде поднесена од страна на невладината организација која ќе биде носител на активностите во општината. Невладината организација исто така ќе биде одговорна за комуникација со Фондацијата „Чекор по чекор”.

Проектни активности:
1. Воспоставување локални проектни партнерства во 6 општини
2. Градење капацитети за 6 локални тима составени за градење на инклузивни локални заедници преку обука и менторирање
3. Градење инклузивни средини за учење во основните училишта и подигање на свеста за правото на не-сегрегирано образование
4. Проценка на степенот до кој општината спровела/спроведува активности за олеснување на пристапот на лицата за попреченост до услугите и нивната вклученост во општинскиот живот
5. Подготвување Локален акциски план за инклузија на лицата со пречки во развојот
6. Спроведување инклузивни активности преку мали грантови
7. Зајакнување на капацитетите на студентските тела во средните училишта
8. Поддршка на воншколски и вон-наставни активности и секции во средните училишта
9. Обука и кариерно советување на ученици и млади за вработување

Временска рамка на спроведување на активностите: август 2018 – јануари 2020

Невладината организација која конкурира треба да ги исполни следниве услови и да ги поднесе следниве документи:
- Изјава за заинтересираност за учество во проектот. Формуларот за заинтересираност со кој невладината организација обврзува на учество, координација и соработка со локалните партнери и носителите на проектот е приложен кон овој оглас.
- Кус опис на организацијата:
o информација за членови/вработени и активисти
o 3 или повеќе веќе спроведени проекти кои биле наменети и/или вклучувале лица со попреченост (кус опис и/или извештаи за претходни активности, проектни публикации или евалуации)
o документирана соработка со локалните власти или установи/институции
o доказ за финансиска стабилност (приходи во последните 3 години)
o воспоставени процедури за административно и финансиско работење (препораки од донатори и/или соработници; по потреба доставување на писмени процедури
o искуство во спроведување на проекти финансирани од ЕУ
- Писма за поддршка од Општината во која ќе се спроведуваат активностите, од две општински основни училишта и едно средно општинско училиште (или училиште на Град Скопје за општините од Скопје). Обрасците за писмата за поддршка со која сите партнерски организации се обврзуваат на учество и соработка може да ги симнете на следниве линкови: ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИНА, ОБРАЗЕЦ ЗА НВО, ОБРАЗЕЦ ЗА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ, ОБРАЗЕЦ ЗА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ.
Овој оглас е отворен за сите општини во Р. Македонија кои ги исполнуваат условите. Ги покануваме заинтересираните тимови да достават изјава за интерес и потребна документација до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 28.05.2018 до 12 часот.
За сите дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме обратете се до носителите на проектот на следниве адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на телефоните 072 307 317 или 072 307 326.

_____________________________________________________________

Барање за прибирање понуди за набавка на таблет компјутери 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку Проектот
на УСАИД „Со читање до лидерство“ ги повикува сите квалификувани фирми
регистрирани во Македонија да поднесат понуди за набавка на 400 таблет
компјутери.
Почнувајќи од 24.07.2015, потребната спецификација за таблетите може да се
добие во електронска форма, со испраќање е-меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Понудите во затворени коверти треба да бидат доставени до просториите на
Фондацијата на бул. „Партизански одреди“ 72а – мезанин, најдоцна до
07.08.2015 до 15 часот. Телефон за контакт: 02/ 3077 900. 
                                               

 _____________________________________________________________

Барање за прибирање понуди за печатење детски сликовници
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ги повикува сите квалификувани фирми регистрирани во Македонија да поднесат понуди за печатење детски сликовници.
Почнувајќи од 24.07.2015, потребната спецификација за печатење може да се добие
во електронска форма, со испраќање е-меил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Понудите во затворени коверти треба да бидат доставени до просториите на
Фондацијата на бул. Партизански одреди 72а – мезанин, најдоцна до
07.08.2015 до 15 часот. Телефон за контакт: 02/ 3077 900. 

_____________________________________________________________

Оглас за ангажирање на експерт/и за Проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од Експерт/експертски тим за изработка на Завршна евалуација на проектот „Подобро родителство за подобар успех на ромските деца“ - Јакнење на капацитетите на Ромските родители и едукатори за успешен ран детски развој.
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба да достават ги достават бараните документи на следниве адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
- ажурирана професионална биографија, и
- предлог буџет со динамика на активности

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.06.2015 до 12 часот.

Главни задолженија и обврски
Завршната евалуација има за цел да ја утврди ефективноста на проектната интервенција преку утврдување и вреднување на оствареноста на проектните цели.

Цели на ангажманот:

  • да ги утврди промените во политиките кои го условуваат раниот детски развој на ромските деца
  • да го утврди напредокот кај проектните партнери како резултат на обуката и поддршката, со акцент на нивните компетенции и работни практики
  • да го утврди напредокот на децата корисници и степенот до кој проектот влијаел врз овој напредок
  • да ги утврди промените во сознанијата, вештините и ставовите на родителите степенот до кој проектот влијаел врз овие промени
  • да даде препораки за идни активности за одржување унапредување на ефектите на проектот.

Предвидени активности: 

  • преглед на документацијата на проектот (Иницијална студија, месечни извештаи, периодични извештаи, детски портфолија, програмски и тренинг материјал)
  • изготвување на инструменти, прашалници и протоколи за интервјуа, фокус групи и анализа на документацијата 
  • спроведување на анкета, интервјуа, фокус групи со различни учесници, корисници и засегнати страни
  • подготвување на Извештај од евалуацијата на македонски и англиски јазик.

Место на спроведување на активностите: Скопје, општина Шуто Оризари

Одговорно лице: Проектен координатор
Временска рамка: 20 август – 20 октомври 2015
Барани квалификации:

Образование на експертот/експертскиот тим: најмалку втор циклус образовни науки, со стручност во подрачјата: истражувачки постапки, педагогија, андрагогија, психологија и/или социјална работа, и со владеење на англискиот јазик.

Претходно искуство на експертот/експертскиот тим:

  • искуство во проекти од областа на раниот детски развој
  • искуство во проекти од областа на образованието на децата и семејствата Роми
  • искуство во проекти од областа унапредување на јазичните компетенции
  • искуство во подготвување на евалуации
  • искуство во пишување извештаи.


Критериуми за оценување на апликациите:
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 70% а финансиските критериуми 30% од конечната оценка.
За подетални информации околу проектот обратете се до Проектниот координатор на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието