МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА МЕКИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИ, НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ 

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење на одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуката:

Планираните обуки имаат за цел да ги подобрат меките вештини за работа кај младите со попреченост, за да можат да бидат активни учесници во економијата и конкурентни на пазарот на трудот. Невработените млади личности со попреченост од 6 селектирани општини ќе присуствуваат на петдневна обука која ќе им помоге да ја пронајдат и добијат посакуваната работа. Преку учество во овие обуки за меки вештини, учесниците ќе можат да ја подобрат меѓусебната комуникација и тимската работа, да стекнат лидерски вештини, подобро да ги решаваат проблемите, и да стекнат вештини со кои лесно ќе се прилагодат во новата работна средина. Во текот на обуката, со учесниците ќе се симулира процес на интервју за работа, пополнување на апликации за работа (правење на лична биографија и мотивационо писмо), како и подготовка за интервју за вработување.

 Главни задачи на обучувачот:

  • Воспоставување на блиска соработка со Проектниот тим, тимот на обучувачи, учесниците на обуката и останатие засегнати страни
  • Развивање на методологија за партиципативни и интерактивни обуки во соработка со Проектниот тим и останатите тренери. Методологијата треба да содржи:

·         цели на обуките и опис на пристапот и релевантноста на модулите;

·         агенда на обуките;

·         помошни материјали;

·         теоретска позадина и меѓународни искуства;

·         практични вежби;

·         инструмент за евалуација на обуката;

·         извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);

  • Обезбедување на информации за постоечките регулативи, услуги и барања за активните баратели на работа. Обезбедување на контакти и линкови за поврзување и комуникација со Агенцијата за вработување и Работодавците од приватниот сектор;
  • Подготовка на модули за подобрување на меките вештини кои ќе имаат за цел да ја зголемат конкурентноста за вработување на целните групи, вклучувајќи техники за подобра комуниација, лидерство, решавање на проблеми, финансиски менаџмент и однесување на работно место;
  • Обучувачот треба да се ги подготви учесниците да состават кратка биографија, мотивационо писмо, и да учествуваат на интервју за работа

 Место на спроведување на обуката: Локално во 6-те избрани општини

Времетраење на ангажманот: 5 дена

Временска рамка: Октомври 2018 – Јануари 2019

 На крајот на обуката учесниците ќе умеат:

  • да развијат и одржат професионална соработка со другите учесници на обуката и сите останати релевантни страни (претставници од Агенцијата за вработување, работодавците и организациите на работодавци, училишта и невладини организации на лицата со попреченост или невладини организации кои ги застапуваат лицата со попреченост);
  • да остварат подобра меѓусебна комуникација, тимска работа, лидерски способности, способности за решавање на конфликти, финансиски менаџмент и вештини за однесување и приспособување на работно место;
  • успешно да бараат можности за работа и да аплицираат на истата;
  • успешно да одговорат на прашањата на интервју;
  • да развијат поголема самодоверба и чуство на самопочитување и остварување;
  • да ги зголемат своите можности за вработување;

 Барани квалификации и услови за работа:

  • Прв циклус студии во општествени науки.  Втор циклус на студии ќе се смета за предност. Кандидатите кои немаат соодветно образование, ќе треба да презентираат соодветни квалификации и повеќегодишно работно искуство.
  • Искуство во образовна, социјална или трудова инклузија, или посредување во барање на работа
  • Искуство во работа со граѓански организации, образование и пазарот на труд;
  • Искуство во работа со инклузија на лица со попреченост (најмалку 3 години);

·         Искуство во развивање модули и спроведување обуки (барем 10 спроведени обуки);

  • Искуство во спроведување обуки за меки вештини (најмалку 3 обуки)
  • Солидно познавање англиски јазик.

 Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.

______________________________

ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА ИНКЛУЗИВНИ ТИМОВИ ВО УЧИЛИШТАТА

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуките:
Обуката има за цел да ги подготви инклузивните тимови во училиштата за прифаќање и работа со ученици со попреченост, но и инкорпорирање на концептот на инклузија во пошироката средина: во администрацијата, кај родителите, во локалната заедница и слично. За оваа цел, училишните инклузивни тимови од 14 избрани основни училишта од 6 општини ќе следат обуки и ќе работат на последователни активности со цел подобрување на инклузивните практики во училиштата и пошироката заедница.

Теми на обуките:
1. Креирање индивидуализирана поддршка според потребите на учениците под повеќекратен ризик за исклучување и напуштање на училиштето (инклузијата како вредност; стереотипи и предрасуди; поучување социо-емоционални вештини за сите ученици);
2. Диференцирање на учењето и наставната програма за сите ученици;
3. Индивидуално образовно планирање (ИОП) – правење ИОП и следење на успехот според ИОП.

Кандидатите треба да назначат за која/кои од наведените теми би сакале да развиваат содржини и да спроведат обуки.

Главни задачи на обучувачот се:
• Развивање модули според дефинирани теми и методологија на работа базирана на интерактивност, вклучување и соработка со проектниот тим и другите обучувачи. Методологијата треба да содржи:
- цели на обуките и објаснување за пристапот и релевантноста на модулите;
- агенда на обуките;
- помошни материјали;
- теоретска позадина и меѓународни искуства;
- практични вежби;
- инструмент за евалуација на обуката;
- извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);
• Спроведување обуки за инклузивните тимови во училиштата според развиените модули;
• Доставување целосна документација по спроведената обука и други активности до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, прегледани изработки од инклузивните тимови);
• Дефинирање на инклузивни цели и планови за спроведување на поединечните училишта (инклузивни тимови) вклучени во проектот.

Место на спроведување на задачата: училиштата во општините кои се корисници на проектот (Скопје, Куманово, Велес, Гостивар, Тетово, Струмица)
Времетраење на ангажманот: секој обучувач ќе одржи по 1 еднодневна обука во шесте општини
Временска рамка: октомври 2018 – декември 2018


На крајот на обуката учесниците ќе умеат:
• да создадат заеднички концепт за инклузивно образование како вредност која се негува на ниво на цело училиште;
• да собираат податоци врз основа на податоците и креираат активности за подобрување на инклузивните практики на ниво на училиште;
• да спроведуваат диференцирана настава за сите ученици;
• да креираат ИОП и го следат напредокот според него;
• да внесат содржини и техники во секојдневната настава од социо-емоционалното учење како клучни алатки за прифаќање, емпатичност и споделени вредности.

Барани квалификации и услови за работа:
• образование: прв циклус образование во педагогија/образовни науки, дефектологија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност.
• флексибилност за работа преку викенди и патување во РМ;
• флексибилност за повремени посети на училиштата;
• докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници;
• поседување добри комуникациски вештини;
• вештини за пишување и навремено испорачување на концизни и информативни извештаи.
Претходно искуство:
- да учествувал во најмалку 3 проекти кои ја подобруваат инклузијата на лицата со попреченост во образованието;
- да реализирал најмалку 5 обуки за наставници;
- да учествувал во работни групи и тимови кои придонеле за изработка на прирачници, извештаи, собирање податоци и/или изготвување стандарди за инклузија во училиштето и општеството;
- да има искуство во дизајнирање, подготвување и/или примена на ИОП.

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.

______________________________________________

ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуката:
Обуката ќе ги подобри капацитетите на претставниците на невладините организации на лицата со попреченост или невладините организации кои ги застапуваат лицата со попреченост (во понатамошниот текст: НВО), како и на претставници од општините, за соработка и заеднички придонес кон поинклузивна локална заедница.

Теми на обуката:
1. Собирање податоци за лицата со попреченост, како и следење и процена на состојбата на лицата со попреченост во локалната заедница;
2. Вклучување на лицата со попреченост во главните текови на општината и соодветна застапеност во локалните и националните буџети;
3. Локални инклузивни акциски планови (ЛИАП) според Моделот на инклузивна општина.

Главни задачи на обучувачот се:
• Развивање модули според дефинираните теми и методологија на работа базирана на интерактивност, вклучување и соработка со проектниот тим и другите обучувачи. Методологијата треба да содржи:
- цели на обуките и опис на пристапот и релевантноста на модулите;
- агенда на обуките;
- помошни материјали;
- теоретска позадина и меѓународни искуства;
- практични вежби;
- инструмент за евалуација на обуката;
- извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);
• Спроведување на обуки според развиените модули за претставниците од НВО и општините;
• Доставување целосна документација по спроведената обука (извештаи, списоци за присуство, евалуации, прегледани производи од инклузивните тимови) до канцеларијата на Фондацијата

Целни групи: претставници од НВО и од локалната самоуправа од шест избрани општини
Времетраење на ангажманот: тридневна обука
Временска рамка: октомври 2018 – декември 2018

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:
• да остварат и одржат професионална соработка со сите претставници од владиниот и невладиниот сектор вклучени во креирањето на инклузивни општини;
• да ги разберат концептот и принципите на инклузијата со цел нивно вклучување во локалните акциски планови;
• да собираат податоци за лицата со попреченост релевантни на локално ниво и да креираат политики и донесуваат одлуки поткрепени од тие податоци;
• да развијат локални акциски планови за инклузија на лица со попреченост преку обезбедување услуги и активно вклучување во животот на општината базирани на Моделот на инклузивна општина;
• да создадат начини за подобрување на локалните услуги за лица со попреченост;
• да ги инкорпорираат локалните активности во постоечките локални услуги, планови и иницијативи;

Барани квалификации и услови за работа:
• Прв циклус студии во општествени науки (образование, психологија, дефектологија, социјална работа, право, јавна администрација итн.) втор циклус на студии ќе се смета за предност.
• Искуство во активности за локален развој, како и образовна, социјална и трудова инклузија;
• Искуство во работа со локална самоуправа, граѓански сектор, образование и локален пазар на трудот;
• Искуство во областа на општествени истражувања и мониторинг, прибирање на податоци и локален развој (барем пет години);
• Искуство во развивање модули и спроведување на тренинзи (барем 10 спроведени тренинзи);
• Искуство во спроведување обуки на барем една од претходно наведените теми;
• Солидно познавање англиски јазик.

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија.на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.

______________________________________________

ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ЛИДЕРСТВО И ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЧКИТЕ ТЕЛА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“ има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуките:
Обуките имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на ученичките тела во средните училишта за лидерство и застапување за образовна и социјална инклузија на учениците со попреченост. Ученици со и без попреченост заеднички ќе следат обуки за да ги зајакнат нивните вештини за ангажирање во активностите кои го промовираат правото на квалитетен живот на учениците со попреченост. Учениците ќе ги подобрат своите лидерски вештини и вештините за застапување, соработување со различни типови соработници, учество во донесувањето одлуки, елементи на социјална правда и почитување на разликите. Обуките ќе се состојат од многу практични активности и задачи во кои учениците ќе имаат шанса да ги применат новите вештини и знаења.

Теми на обуките:
1. Партиципативно лидерство и донесување одлуки;
2. Социјална правда и почитување на разликите;
3. Застапување и лобирање;
Кандидатите треба да назначат за која/кои од наведените теми би сакале да развиваат содржини и да спроведат обуки.

Главни задачи на обучувачот се:
• Развивање модули според дефинирани теми и методологија на работа базирана на интерактивност, вклучување и соработка со проектниот тим и другите обучувачи. Методологијата треба да содржи:
- цели на обуките и објаснување за пристапот и релевантноста на модулите;
- агенда на обуките;
- помошни материјали;
- теоретска позадина и меѓународни искуства;
- практични вежби;
- инструмент за евалуација на обуката;
- извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);
• Спроведување обуки за ученичките тела во средните училиштата според развиените модули;
• Доставување целосна документација по спроведената обука и други активности до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, прегледани изработки од инклузивните тимови);

Место на спроведување на задачата: локално, во шесте средни училишта од избраните општини
Времетрање: четиридневна обука
Временска рамка: октомври 2018 – јануари 2018

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:
• да ги идентификуваат можностите за вклучување во активности за инклузија во нивното училиште и заедница;
• да се вклучат во процесот и структурите на донесување на одлуки во училиштето и заедницата;
• да постават и остварат цели за подобрување на инклузијата во нивното училишта и заедница;
• да организираат воннаставни активности во склоп на училишните клубови/секции во соработка со нивните соученици со попреченост, со цел унапредување на инклузијата;
• да ги применат принципите на социјална правда и почитувањето на разликите во однос на лицата со попреченост;
• да спроведуваат активистички активности со цел со цел унапредување на инклузијата;
• да ги зголемат капацитетите за разбирање и управување со емоциите
• да ги унапредат своите емпатски вештини и вештините за одржување здрави односи со други.

Барани квалификации и услови за работа:
• Образование: прв циклус образование во општествени науки; втор циклус студии ќе се смета за предност.Кандидатите со друг вид образование ќе треба да докажат дека имаат соодветни компетенции и искуство.
• Искуство во областа на младински активизам, вклучување на децата во процесот на донесување одлуки и инклузија на лица со попреченост.
• Искуство во работа со граѓански сектор и образование (барем 5 години);
• Солидно познавање на англиски јазик;

Претходно искуство:
- Вклученост во барем 3 проекти од областа на инклузија во образованието
- Претходно искуство во спроведување обуки за ученици (барем 5 спроведени обуки);
- Вклученост во работилници за развивање на прирачници, извештаи и прибирање на податоци во развивање на младински активизам и involvement in workgroups that contributed to developing manuals, reports and data collection, вклучување на децата во процесот на донесување одлуки, ученичко здружување и инклузија на ученици со попреченост

Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.
. _____________________________________

Оглас за ангажирање на експерт за комуникации и информирање за Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците “

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ почнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка (European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)), а го спроведува Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:
• Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
• Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

За цели на проектот, Фондацијата ангажира Експерт од областа на комуникации и информирање
Главни задачи:
- поддршка осмислување на активности и материјали наменети за правилно информирање на јавноста и обезбедување на видливост на проектот и донаторот
- изработка на идејно решение за веб поддомејн и поддршка на проектниот асистент за обезбедување на достапност на информации на истиот
- комуникација со медиумите околу проектни прашања и подготвување на изјави за печат и осигурување на медиумска покриеност на настаните
- обезбедување на видливост и правилно информирање за презентацијата на проектот, регионалните информативни настани, обуки и завршна конференција
- обезбедување на правилно брендирање, согласно барањата на донаторот
- поддршка на проектниот тим во комуникацијата и одржувањето на нивото на информираност и заинтересираност на засегнатите страни
- подготвување на материјали за електронскиот информатор.

Место на спроведување на активностите: Скопје, различни локации на проектните настани
Временска рамка: 1 јули 2018 – 29 февруари 2020
Работни денови: 48
Барани квалификации
Образование: прв циклус образовни, културни или комуникациски науки, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство:
- работа во невладиниот сектор од најмалку 8 години на работни задачи поврзани со комуницирање со медиуми и подобрување на видливоста на проекти и/или донатори
- учество во најмалку 5 проекти кои третираат образование, медиуми или култура
- искуство во сценски настапи, презентации, радио/телевизиски емисии
- активно владеење на англискиот јазик.

Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, што треба да биде видливо во поднесената документација.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес за определена позиција и ажурирана професионална биографија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.06.2018 година.

___________________________________________________

Оглас за ангажирање на експерт за Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија почнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, кој е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 - Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка ( European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)2016-2017 Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes (CBSS)), а го спроведува Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, Скопје.

Главна цел на проектот е да развие и пилотира ефективен и инклузивен модел за подобрување на административните и стручни капацитети на засегнатите страни на локално и национално ниво заради овозможување на социјална и економска инклузија на лицата со попреченост преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата со попреченост поголеми можности за инклузија на лицата со преки во развојот во процесите на образование и вработување. Специфичните цели на проектот се:
-Подобар пристап на лицата со пречки до услуги и вклученост во животот во заедницата преку: подобрување на капацитетите на локалните власти и граѓанскиот сектор за колаборативно обезбедување на податоци за состојбата на лицата со попреченост и нивните семејства; зајакнување на локалните установи (училишта, центри за социјална работа и центри за вработување) со цел обезбедување на инклузивен пристап кон образовни и други услуги во заедницата; и оснажување на граѓанските организации кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост за учество во локалните процеси на донесување одлуки.
-Засилување на образовната и работната инклузија на младите со попреченост преку ангажирање и зајакнување на капацитетите на младите за застапување, и лобирање и подигање на свеста за инклузија на млади кои се во и вон од образовниот процес, во програми за образование и стекнување на вештини за вработување.

За цели на проектот, Фондацијата ангажира експерт од областа на инклузивни политики и практики за позицијата Експерт за развивање на Модел на Општини по мерка на лицата со попреченост.

Главни задачи на Експертот се:
дефинирање на карактеристиките и елементите на Модел на Општина по мерка на лицата со попреченост
анализирање на степенот до кој општините во државата се способни да излезат во пресрет на посебните потреби на лицата со попреченост
подготвување на инструмент за само-проценка и проценка на подготвеноста на општината и нејзините служби за: собирање на релевантни податоци за лицата со попреченост, за спроведување на проценка на физичката достапност ма локалните установи и служби, спроведување на самопроценка на културата во средината, локалните политики и достапните услуги
давање насоки за користење на инструментот заради идентификување на постојните бариери за позасилена инклузија и дефинирање на приоритетите за акција и обезбедување поддршка, вклучување финансиска, преку давање препораки за развивање на постапки за буџетирање сензитивно кон потребите на лицата со попреченост на локално и национално ниво
дефинирање препораки за примена на Моделот при подготвување на Локални акциски планови за инклузија.

Место на спроведување на задачата: Скопје
Временска рамка: 14 мај – 30 јуни 2018
Работни денови: 10
Барани квалификации:
Образование: прв циклус политички, образовни или дефектолошки науки
Претходно искуство:
учество во најмалку 5 проекти кои третираат прашања за поддршка на инклузијата на вулнерабилни групи во општествените текови
учество во најмалку 3 проекти кои ја подобруваат инклузијата на лицата со попреченост во образованието и/или пазарот на труд
авторство/коавторство на намајку 3 студии/истражувања кои третираат политики и/или практики за инклузијата на лицата со попреченост во образованието и/или пазарот на труд.
Вештини:
Владеење на англискиот јазик на ниво на пишување извештаи
Познавање на комуникациски вештини
Докажана соработка со установи и институции надлежни за образование и/или вработување.

Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што висината на хонорарот е определена од страна Фондацијата според тежинското ниво на ангажманот и бараните квалификации/компетенции.
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија. Крајниот рок за доставување на апликациите е 09.05.2018 до 16 часот.

___________________________

Отворен повик за ангажирање програмски раководител на Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”- Македонија отпочнува со спроведување на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ (Community-Led Inclusive Partnerships), финансиран со средства од Европската Унија. Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”- Македонија ќе го реализира овој проект во соработка со Здружението на студенти и млади со попреченост од Скопје. Целта на проектот е да се олесни вклучувањето на лицата/младите со попреченост преку јакнење на локалните институции за да се обезбеди инклузивен пристап кон образованието и други услуги во заедницата. Проектот е наменет за лицата со посебни потреби, особено за учениците со посебни потреби, за нивните семејства, локалните заедници, организациите на лица со попреченост и локалните невладини организации, како и националните и локалните креатори на политики и даватели на услуги.
За потребите на овој проект, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија распишува оглас за ангажирање на еден програмски раководител. Подолу опишаната позиција е наменета само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува лицата со попреченост кои ги задоволуваат потребните квалификации да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 27.02.2018 до 11 часот.
По истекот на рокот за пријавување, кандидатите ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Програмскиот раководител на Проектот „Заедниците водат инклузивни партнерства“ секојдневно ќе работи со раководителот на проектот, со партнерската организација, експертите кои ќе бидат ангажирани за работа на проектот и со претставници на училиштата и општините при реализација на следниве активности:
• Развивање модули за обука
• Подготовката на теми за менторски сесии
• Организирање обуки и менторски средби
• Подготовка на протоколи за следење на напредокот на учениците
• Подготовка и фацилитирање на регионални настани
• Учество во подготвување кампања за подигање на јавната свест за потребите и вклучувањето на лицата со попреченост во општествениот живот
• Мониторирање на работата на инклузивните тимови во училиштата
• Супервизија на подготвувањето на модел за Инклузивни општини
• Подготовка и водење состаноци со сите засегнати страни
За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план како и да учествува во подготвувањето на сите потребни извештаи. Планот и извештаите ги подготвува заедно со раководителот на проектот.

Барани квалификации:
• Најмалку ВСС по можност од областа на хуманистичките науки.
• Најмалку пет години работно искуство во имплементирање проекти во невладини организации.
• Познавање странски јазици: англиски јазик (напредно ниво) со развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавањето албански јазик ќе се смета за предност.
• Разбирање на проблемот на инклузија во образовниот систем во Македонија.
• Компјутерски вештини (напредно користење MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, добри комуникациски вештини.
• Поседување возачка дозвола (Б категорија - патничко возило).
Дополнителни информации:
За реализација на дел од проектните активности потребно е повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија а по потреба и учество на работни средби и конференции надвор од Македонија.

Забелешка: Оваа позиција е со можност за полно или половина работно време со почеток од 1 март 2018 до 28 февруари 2020 година.

____________________

 

Оглас за ангажирање на експерти за Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија отпочнува со спроведување на проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“. Проектот се финансира со средства од Европската Унија, преку Централното финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии, а се спроведува од Фондацијата Чекор по чекор Македонија во соработка со ЦСИ Надеж и Биро Мутант од Холандија.
Главна цел на проектот е да придонесе кон тековните реформи за интеграција во Европската Унија преку зајакнување на компетенциите и улогата на граѓанското општество во осигурување на рамноправност и квалитет во раниот детски развој / предучилишното образование, воспитание и згрижување, преку воведување на инструментот развиен во ЕУ за осигурување на стандард на квалитет и во предучилишното образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ) и воедно промовирање на демократското учество на граѓанското општество во мониторирањето на процесите на подобрување на пристапот до квалитетни услуги за ПОВЗ / ран детски развој. Специфични цели на проектот се:
- Развивање на Македонска рамка за квалитет во ПОВЗ заснована на Клучните начела на рамката за квалитет за ПОВЗ, и
- Градење на свест и способности на граѓанското општество за неговата улога во подобрувањето на политики и практики и унапредување на вклученоста на засегнатите страни во мониторирање и осигурување на квалитет во ПОВЗ.
За цели на проектот Фондацијата ангажира експерти од областа предучилишно образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ) за повеќе позиции.

Позиција 1 – Експерт за подготвување на Анализа на состојбата во ПОВЗ, 1 лице
Главни задачи:
- да се утврди состојбата во ПОВЗ според структурата на Рамката, со елаборирање на петте главни подрачја на квалитет (Пристап, Програма, Работна сила, Следење и вреднување, Управување и финансирање)
- да се воспостави основ за следење и вреднување на напредокот во подготвувањето на македонската верзија на рамката и на подобрувањата на состојбите
- да се дадат конкретни предлози за адаптацијата на Европската рамка за квалитет во ПОВЗ и подготвување на Македонска рамка за квалитет во ПОВЗ
- да се подготви извештај на македонски и на англиски јазик.
Место на спроведување на активностите: Скопје, 2 града во внатрешноста на Републиката
Временска рамка: 31 јануари – 15 март 2018
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој; искуство во спроведување на најмалку 5 евалуации и ситуациони анализи; искуство во пишување извештаи на македонски и англиски јазик.

Позиција 2 – Експерт - Член на работна група за разгледување на Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ и подготвување нацрт Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ, 5 лица
Главни задачи:
- да се разгледа Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ и нејзините пет подрачја на квалитет (Пристап, Програма, Работна сила, Следење и вреднување, Управување и финансирање)
- да се разгледа Анализа на состојбата (претходно подготвена во Проектот)
- да се дадат предлози за адаптација на Рамката на македонски услови
- да се подготви нацрт Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ
- по спроведена јавна презентација и дискусија околу предлог рамката да се подготви финална верзија на Македонска рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за поднесување до МТСП.
Место на спроведување на активностите: Скопје
Временска рамка: 1 март – 30 април 2018
Работни денови: 10 по експерт
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни науки во областите образование, ПОВЗ или ран детски развој, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: работно искуство во областа на образование, ПОВЗ од најмалку 10 година; учество во најмалку 3 проекти кои третираат образование, ПОВЗ или ран детски развој; искуство или едукација во едно или повеќе подрачја од Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ (види погоре). Се поттикнуваат да се пријават експерти од сите засегнати страни, меѓу другите и од граѓанскиот сектор.

Позиција 3 - Експерт евалуатор за пилотирање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ, 4 лица
Главни задачи:
- да се процени применливоста на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ во установите, центрите и неформалните програми/проекти за образование и воспитание, згрижување и/или ран детски развој
- да се пилотира Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за утврдување на состојбите во Република Македонија
- да се пилотира Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ за утврдување на квалитетот на услугите во установите, центрите и неформалните програми/проекти за образование и воспитание, згрижување и/или ран детски развој .
Место на спроведување на активностите: Скопје, 2 града во внатрешноста на Републиката
Временска рамка: 1 мај – 15 јуни 2018
Работни денови: 6 по експерт
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни науки во областите образование, ПОВЗ или ран детски развој, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: работно искуство во областа на образование, ПОВЗ од најмалку 10 година; учество во најмалку 3 проекти кои третираат образование, ПОВЗ или ран детски развој; искуство или едукација во едно или повеќе подрачја од Европската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ (види погоре). Се поттикнуваат да се пријават експерти од сите засегнати страни, меѓу другите и од граѓанскиот сектор.

Позиција 4 – Експерт фасилитатор за регионални презентации на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ – 1 лице
Главни задачи:
- да се подготват потребни материјали за презентација на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ пред засегнатите страни и пошироката јавност
- да е подготват и спроведат 8 регионални презентации на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ во 8 региони во Република Македонија
Место на спроведување на активностите: 8 регионални центри (според класификацијата НУТС)
Временска рамка: 1 август – 31 октомври 2018
Работни денови: 8
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој и вклучуваат настани, предавања или презентации; искуство во фасилитирање настани, презентации или обука.

Позиција 5 – Експерт обучувач за одржување на обука за имплементирање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ – 1 позиција
Главни задачи:
- да се подготват материјали за обука на засегнати страни за имплементација на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ
- планирање и спроведување на 2 тридневни обуки за претставници на засегнатите страни (установи за ПОВЗ, МТСП, инспекторат, општини, граѓански сектор) за стекнување компетенции за примена и понатамошно развивање на Македонската рамка за осигурување квалитет во ПОВЗ.
Место на спроведување на активностите: Република Македонија,
Временска рамка: 1 октомври – 15 декември 2018
Работни денови: 6
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на ПОВЗ или ран детски развој, докторат се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 и раководење со најмалку 3 проекти кои третираат ПОВЗ или ран детски развој; искуство во спроведување обука или едукација (10 години или 100 денови обука).

Позиција 6 – Експерт за компонентата комуникации и информирање (на македонски и англиски јазик) – 1 позиција
Главни задачи:
- осмислување на активности и материјали наменети за правилно информирање на јавноста и обезбедување на видливост на проектот и донаторот
- изработка на План за комуникации и информирање (Communication and visibility plan)
- изработка на идејно решение за веб поддомејн и поддршка на проектниот асистент за обезбедување на достапност на информации на истиот
- комуникација со медиумите околу проектни прашања и подготвување на изјави за печат и обезбедување медиумска покриеност на настаните
- обезбедување на видливост и правилно информирање за презентацијата на проектот, регионалните информативни настани, обуки и завршна конференција
- подготвување на материјали за електронскиот информатор.

Место на спроведување на активностите: Скопје, различни локации на проектните настани
Временска рамка: 31 јануари 2018 – 18 февруари 2019
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Образование: прв циклус образовни, културни или комуникациски науки, втор циклус се смета за предност
Претходно искуство: учество во најмалку 5 проекти кои третираат образование, медиуми, култура, ПОВЗ или ран детски развој; искуство во комуникација со и информирање на медиуми; искуство во сценски настапи, презентации, радио/телевизиски емисии, владеење на англискиот јазик.
Критериуми за оценување на кандидатите:
Кандидатите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати за сите позиции на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават изјава за интерес за определена позиција, со посочување на очекуваниот хонорар и ажурирана професионална биографија. Кандидатите можат да се пријават на една или повеќе позиции за кои ги исполнуваат условите.
Крајниот рок за доставување на апликациите за Позиција 1 и 6 е 30.01.2018 до 12 часот а за Позиција 2, 3,4 и 5 е 20.02.2018 до 12 часот.

________________________________

Отворен повик за помлад координатор на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 помлад координатор за работа на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 24.10.2017 до 10 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски:
Обврска на Помладиот координатор е секојдневно да соработува со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“, како и со останатите членови на проектниот тим при реализацијата на следниве активности:
 логистика и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на менторски средби и мрежни настани,
 логистичка и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на читачки сесии, работилници и посети со Библиотеката на тркала,
 логистичка и техничка поддршка при организирањето и реализацијата на јавни настани во рамки на проектот,
 истражување на пазарот за набавка на опрема и услуги неопходни за спроведување на проектот,
 документирање на материјалната контрибуција (cost share) на фондацијата на проектите,
 оддржување на возилата на фондацијата и
 други сродни задолженија.

За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“.

Барани квалификации:
Образование: ВСС по можност од областа на хуманистичките науки
Познавање странски јазици: англиски јазик (напредно ниво) се развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности:
Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.
Задолжително е поседување на возачка дозвола (Б категорија - патничко возило и товарно возило – комбе).

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.
Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.
Конторола: Надгледувањето го вршат со раководителите на проектните компоненти „Заедници за учење“ и „Вклучување на семејството и заедницата во образовниот процес“ и раководителот на проектот.

.Забелешка: Оваа позиција е со можност за полно или половина работно време, во договор со кандидатот.

______________

Отворен повик за помлад асистент на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 помлад асистент за работа на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 24.10.2017 до 10 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски:
Обврска на Асистентот е секојдневно му помага на раководителот на проектната компонента „Процена на јазична и математичка писменост“ и проектниот тим во реализацијата на проектните активности и тоа:
 редовно да ја надополнива проектната дата база,
 архивира електронски материјали и материјали во печатена форма,
 помага во организацијата и реализацијата на активностите во рамки на проектната компонента како обуки, состаноци и сл,
 обезбедува логистика и друга неопходна поддршка на проектните активности,
 врши подготовка на материјали за обуки и други настани во рамки на проектот,
 помага во подготовка и преведување на материјали и
 други сродни задолженија.

За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со раководителот на проектната компонента „Процена на јазична и математичка писменост“.

Барани квалификации:
Образование: ССС или ВСС по можност од областа на хуманистичките науки
Познавање странски јазици: англиски јазик (напредно ниво) со развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавањето албански јазик ќе се смета за предност.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.

Вештини и способности:
Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.
Задолжително е поседување на возачка дозвола Б категорија (патничко возило и товарно возило – комбе, пренаменето во Библиотека на тркала).

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.
Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.
Конторола: Надгледувањето го врши координаторот за процена на јазична и математичка писменост и раководителот на проектот. 

Забелешка: Оваа позиција е со можност за полно или половина работно време, во договор со кандидатот. 

_________________

Отворен повик за помлад асистент на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 помлад асистент за работа на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 25.08.2017 до 16 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски: 
Обврска на Асистентот е секојдневно да му помага на раководителот на проектот и координаторот за професионален развој, но и на останатиот колектив во генералните канцелариски задолженија. Под раководство на колективот на фондацијата, лицето ќе ги извршува следниве активности:
-обезбедува логистика и друга неопходна поддршка на проектните активности;
-врши подготовка на материјали за обуки и други настани во рамки на проектот;
-комуницира со училиштата и помага во организација на обуки и менторски средби;
-осмислува и реализира креативни активности во рамки на проектот;
-архивира електронски материјали и материјали во печатена форма;
-редовно ја надополнива проектната дата база;
-помага во подготовка и преведување на материјали;
-изведба на други сродни задолженија.

За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со координаторот за професионален развој.  
Барани квалификации:
Образование: ВСС
Познавање јазици: познавање на македонски и англиски јазик (напредно ниво); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности:
Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.
Задолжително е поседување на возачка дозвола.
Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.
Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.
Конторола: Надгледувањето го врши координаторот за професионален развој и раководителот на проектот. 

_______________ 

Oтворен оглас за ангажирање на експерт за Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од Експерт за изработка на Евалуација на за проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“, финансиран од Европската Унија и Фондациите Отворено општество.
Информации за проектот
Општа цел на проектот е подобрување на состојбата на ромската заедница, која се карактеризира со несоодветна образовна свест, учество и постигања, недостаток на знаења и вештини за подобрување на вработливоста и квалитетот на животот во домот и заедницата, што резултира со незадоволителна финансиска состојба на ромското семејство што од своја страна неповолно влијае врз ползување на можностите за образование и вработување и за учество во процесите на демократско донесување одлуки на локално и национално ниво
Информации за ангажманот
Ромите во Македонија се една од најмаргинализираните групи, при што состојбата на жените и децата е особено тешка, со оглед на нивната економска и социјална вулнерабилност и зависност. Службените податоци потекнуваат воглавно од пописот од 2002 година, а во рамките на Декадата на вклучување на Ромите, достапни се истражувања во голема мерка благодарение на граѓанското општество кои пружаат информации за специфични прашања во определени заедници, кои можат да придонесат да се наслика состојбата на Ромите воопшто и да се нагласат главните проблеми со кои тие се соочуваат, како што несоодветно домување и санитарни услови, недостапност на квалитетни здравствени услуги и високи стапки на смртност, недоволно учество во образовните процеси и пониски образовни постигања, недоволна сопственост врз земјоделско земјиште, итн. Сепак, конкретни информации и податоци за образовната состојба, потребите и бариерите во двете општини каде се спроведува проектот не се достапни во доволна мерка.
За да се развијат соодветни решенија за потребите на целните групи, се очекува Студијата да понуди одговори и информации врз основа на кои ќе се планираат активности, едукативни материјали, обука и едукација и образовни цели за корисниците.
Задачите кои проектот ќе ги исполни се:
· Подобрување на образовните постигања, вклучувајќи предзнаења на деца во годината пред поаѓање во прво одделение, успехот на ученици од 1 до 7 одделение, и степенот на писменост кај млади девојки и жени,
· Подигање на нивото на информираност и подобрување на вештините кај Ромките за подобро родителство и проактивно одговорно граѓанство,
· Унапредување на демократското учеството на Ромите во процеси во заедницата и подобрување на капацитетите и вклученост ана ромските НВО во третирање на квалитетот на и дискриминацијата во услугите за жени и деца.
Цели на ангажманот:
Евалуацијата има за цел да ги процени ефектите и степенот на остварување на целите утврдени со проектот, според меѓународно прифатени принципи за спроведување на надворешни евалуации. Конкретни задачи на ангажманот се:
- да се опише окружувањето во кое се спроведувал проектот
- да се процени доследноста во спроведувањето на проектните активности од страна на сите проектни партнери
- да се процени степенот на подобрување на владеењето на македонскиот јазик и подготвеноста за успешен старт во 1 одделение кај децата корисници на програмата за ран детски развој во локалните образовни центри во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров
- да се процени степенот на подобрување на редовноста и успешноста кај децата од 1 до 7 одделение – корисници на локалните образовни центри во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров
- да се утврди промената во ставовите на возрасните корисници на услугите на локалните образовни центри во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров во однос на проектните цели
- да се утврди степенот на подобрување на информираноста, вештините и мотивацијата за учење и развој кај жените учеснички во проектните активности во локалните образовни центри во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Предвидени активности:
- изготвување на инструменти и индикатори за утврдување на ефектите од спроведувањето на проектот
- преглед на проектна документација и на документи кои се однесуваат на состојбата на Ромите и националните и локалните политики
- спроведување на теренското истражување, во кое ќе се вклучени различни засегнати страни, со примена на квалитативни и квантитативни техники
- подготвување на Извештај од евалуацијата на македонски и англиски јазик.
Место на спроведување на активностите: Скопје, општини Шуто Оризари и Ѓорче Петров
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка: 1 јули – 14 август 2017
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Општи барања:
- завршени студии од прв циклус на полето на истражување, градење политики или образовни науки или еквивалентно на полето на образованието, втор циклус ќе се смета за плус
- 10 години работно искуство на полето на образование на вулнерабилни групи, ран детски развој и/или образование на возрасни
Специфични барања
- Учество во најмалку 5 истражувачки проекти од областа на образованието
- Подготовка на 3 евалуации на проекти
- Учество во програм/проекти на полето на вулнерабилни групи, проекти наменети за Роми се сметаат за плус
- Учество во програм/проекти на полето на образование на возрасни, проекти кои третираат описменување и градење вештини кај возрасни ќе се сметаат за плус
- Одлични вештини за комуникација, претставување и фасилитирање
- Поседување клучни вредности на анти-дискриминација, непристрасност, еднаков третман, почитување на приватност на информации и доверливост
- Владеење на англискиот јазик, особено пишаниот.
- Апликантите не смеат да имаат никаков судир на интереси.
Постапка за аплицирање и критериуми за оценување:
Апликантите треба да достават:
- мотивациско писмо
- куса предлог методологија со динамика на активности
- ажурирана професионална биографија во ЕУ експертски формат.
Бараните документи за аплицирање треба да се достават до Фондацијата „Чекор по чекор“ по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 30.06.2017.
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка.

_____________________________________________

Повторен оглас за ангажирање на експерт за Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од Експерт за изработка на Студија за проценка на иницијалната состојба за проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“.
Кандидатите треба на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават:
- мотивациско писмо
- куса предлог методологија со динамика на активности и предлог буџет
- ажурирана професионална биографија во ЕУ експертски формат.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 28.03.2016 до 16.30 часот.
Цели на ангажманот
Студијата за иницијалната состојба има за цел да ги утврди потребите на целната група за образование, советување и поддршка, и бариерите и можностите за нивно надминување, како основа на спроведување на програмските активности. Цели на ангажманот се:
- да се утврди општата образовна состојба на ромските деца, жени и семејства – проектни корисници во општините Шуто Оризари и Ѓорче Петров
- да се утврдат карактеристиките, ставовите и перцепциите на корисниците и на засегнатите страни
- да се дадат препораки за осмислување на проектни активности, вклучувајќи цели и содржини
- да се дадат препораки за следење и вреднување на проектниот прогрес и постигања.
Предвидени активности:
изготвување на инструменти и индикатори за утврдување на иницијалната состојба
спроведување на теренското истражување, во кое ќе се вклучени различни засегнати страни, со примена на квалитативни и квантитативни техники
изготвување на инструменти и индикатори за следење и вреднување на проектниот прогрес и постигања
подготвување на Студијата на македонски и англиски јазик.
Место на спроведување на активностите: Скопје
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка: 30 март – 3 мај 2016
Работни денови: 20
Барани квалификации:
Општи барања
најмалку втор циклус образовни науки или еквивалентно на полето на образованието, трет циклус ќе се смета за плус
10 години работно искуство на полето на образование на вулнерабилни групи, ран детски развој и/или образование на возрасни
Специфични барања
- Учество во најмалку 5 истражувачки проекти од областа на образованието
- Учество во најмалку 3 ангажмани за проценка на иницијална или финална проценка на состојбата
- Учество во програм/проекти на полето на вулнерабилни групи, проекти наменети за Роми се сметаат за плус
- Учество во програм/проекти на полето на образование на возрасни, проекти кои третираат описменување на возрасни ќе се сметаат за плус
- Одлични вештини за комуникација, претставување и фасилитирање
- Поседување клучни вредности на анти-дискриминација, непристрасност, еднаков третман, почитување на приватност на информации и доверливост
- Владеење на англискиот јазик, особено пишаниот.
Кандидатите не смеат да имаат никаков судир на интереси.
Критериуми за оценување на апликациите:
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 80% а финансиските критериуми 20% од конечната оценка

 

____________________________________

Отворен повик за формирање на дата база на програмски експерти за Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од повеќе експерти кои ќе соработуваат при изведување на едукативни, информативни и креативни работилници и сесии во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“:
Позиција 1: Експерт за обработка на теми од важност за подигање на капацитетите и свест на Ромите за образование и демократски права (повеќе позиции)
Позиција 2: Експерт за организирање на Читачко катче за жени и девојки Ромки
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават:
- ажурирана професионална биографија
- мотивациско писмо со назначена тема за која конкурирате (може да се пријавите за повеќе теми).
Крајниот рок за доставување на апликациите е 03.02.2016 до 12 часот. Рокот е продолжен до 18 март 2016 година. 
Задолженија и обврски
Позиција 1: Подобрување на информираноста, знаењата и вештините кај ромските жени и девојки преку:
Спроведување на 6 информативно/едукативни сесии на зададена тема во траење од 1,5 часа во тек на еден месец
Подготовка на материјали.
Темите кои ќе се обработуваат се следниве:

  • развивање на креативноста кај децата
  • специфики на учењето кај децата од 1-7 одд.
  • развојни карактеристики на децата на предучилишна возраст
  • вештини за подобро родителство
  • нови регулативи и барања во областа на социјалната заштита
  • правни прашања кои ги регулираат правата на малцинствата (Декада на Ромите)
  • правно регулирање на здравствената заштита
  • правни прашања кои ги регулираат детските права
  • правни прашања кои ги регулираат женските права
  • достапност и пристап до институции, потребна документација по сектор
  • посебни психолошки проблеми кај девојчиња во пубертет
  • безбедно раѓање и мајчинство
  • здравствени проблеми и потреби кај возрасни жени
  • здравствени проблеми и потреби во пубертетскиот период
  • здравствени проблеми и потреби кај деца на училишна возраст
  • здравствени проблеми и потреби кај деца на предучилишна возраст
  • заразни болести (туберкулоза, жолтица)
  • одржување хигиена
  • активности кои родителите ги спроведуваат во домот за поттикнување на учењето – градење стимулативна средина
  • агресија кај децата
  • позитивна дисциплина
  • рана детекција на специјални образовни потреби
  • грижа за лице со посебни потреби во домот
  • одговорно граѓанство – права и обврски
  • причини за и корист од учество во демократски процеси на локално и државно ниво
  • можности за образование и стекнување на вештини за возрасни
  • можности за вработување
  • поттикнување на локални акции за подобрување на живото на децата и жените

Позиција 2: Градење на култура на читање, подигање на свеста за потребата од читање и стекнување на навики за читање кај ромските жени и девојки, преку:
  • Дефинирање на курикулум за поттикнување на читањето кај жени и деца
  • Подготвување на список на книги
  • Спроведување на 2 месечни сесии на читачкиот клуб во траење од 1,5 часа
  • Подготвување на прирачник Како родителите да го поттикнуваат читањето кај своите деца.
Место на спроведување на активностите: Општина Шуто Оризари и Општина Ѓорче Петров
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка за целокупната активности: 10 февруари 2016 – 10 август 2017
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни науки во областа на која се однесува соодветната тема.
Претходно искуство:
искуство во проекти кои третираат женски и детски права
искуство во работа со жени и деца Ромки
искуство во држење работилници, предавања, информативни сесии на определената тема.
Критериуми за оценување на апликациите:
Во случај да се пријават повеќе апликанти за една тема, тие ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните технички критериуми, и тоа соодветно образование 30%, а соодветно работно искуство 70%.

_____________________________________ 

Отворен повик за ангажирање повремен соработник за Проектот „Образованието - клуч за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од повремен соработник надлежен за компонентата комуникации и информирање.
Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба на следнава адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. да достават:
ажурирана професионална биографија
мотивациско писмо.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 3 февруари 2016 година до 12 часот. Рокот е продолжен до 29 февруари 2016 година. 
Главни задолженија и обврски:
Соработникот за комуникации и информирање ќе биде надлежен за осмислување и следење на проектните активности наменети за правилно информирање на јавноста за проектот:
изработка на План за комуникации и информирање
изработка на идејно решение за веб страница
обезбедување на потребни производи наменети за обезбедување видливост на проектот
изготвување на промотивни материјали за проектот и неговите цели
осмислување и спроведување на иницијана презентација и завршна конференција на проектот
осмислување и изготвување на информативен материјал за проектните корисници
осмислување на кампања за подигање на свеста за потребата од квалитетно образование кај Ромите
комуникација со медиумите околу проектни прашања и подготвување на изјави за печат
поддршка при издавање на проектни публикации.
Место на спроведување на активностите: Скопје. Не се предвидени патувања.
Одговорно лице: Проектен менаџер
Временска рамка: 8 месеци во периодот февруари 2016 – јуни 2017
Барани квалификации:
Образование: најмалку втор циклус образовни или комуникациски науки
Претходно искуство:
искуство во проекти на работни места за комуникации и информирање, особено во спроведување на активности поврзани со работните обврски за оваа позиција
искуство во проекти кои третираат образование на деца и жени, со особен осврт на Роми
искуство во проекти кои третираат детски и човекови права
владеење на англискиот јазик.
Критериуми за оценување на апликациите:
Апликантите ќе се оценуваат врз основа на исполнување на бараните критериуми, при што техничките критериуми на апликацијата ќе сочинуваат 100%, и тоа соодветно образование 30%, а соодветно работно искуство 70%.

__________________________________

Отворен повик за административен асистент за Проектот „Образованието - клуч за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 административен асистент за работа на проектот Образованието – клуч за зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите. Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија.
Кандидатите треба да достават кусо мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Крајниот рок за доставување на апликациите е 24.12.2015 до 12 часот. Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски:
Обврска на Асистентот е секојдневно да му помага на Проектниот менаџер во генералните административни и финансиски задолженија, како и да соработува со проектните партнери преку секојдневна комуникација и редовни посети на проектните локации. Под раководство на Проектниот менаџер, Асистентот ќе ги извршува следниве активности:  

  •  обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  •  помага во организација на настани, семинари и состаноци;
  •  ги архивира електронските и пишаните материјали;
  •  редовно го следи одвивањето на работата на проектните локации преку теренски посети и подготвува извештаи од посетите;
  •  подготвува документација за исплати и води финансиска евиденција; 
  •  се грижи за непречен проток на информации поврзани со проектот.


За својата работа Асистентот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со Проектниот менаџер.   

Барани квалификации:

Образование: ВСС
Претходно работно искуство: Да се наведе во биографијата.
Тренинг на работното место: Упатување во полисите и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.
Познавање јазици: неопходно е познавање на македонски и англиски јазик, познавање на ромскиот јазик се смета за предност.
Знаење: Запознаеност со образовната состојба на ромската популација.
Вештини и способности: комуникациски вештини, тимска работа, компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот.
Асистентот работи во соработка со и под надзор на Проектниот менаџер. 

________________________________

Отворен повик за асистент на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 Асистент за работа на проектот на УСАИД со „Со читање до лидерство“.
Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.
Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и kika@stepbystep.org.mk
Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.05.2015 до 12 часот.
Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски
Обврска на Асистентот е секојдневно да помага при задолженијата на колективот на Фондација „Чекор по чекор“. Асистентот му помага на Извршниот директор и колективот во генералните канцелариски задолженија, врши подготовка на материјали за семинари и други настани во рамки на проектот и логистички ги поддржува истите.
Под раководство на колективот на фондацијата, Асистентот ќе ги извршува следниве активности:  

  • обезбедува логистичка и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци;
  • ги архивира електронските материјали и материјалите во пишана форма;
  • помага во подготовка и преведување на промотивните материјали;
  • ја одржува и редовно ја надополнува Facebook страната на проектот; 
  • изведба на други сродни задолженија.


За својата работа Асистентот има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:
Образование: ВСС
Претходно работно искуство: Да се наведе во биографијата.
Тренинг на работното место: Упатување во полисите и процедурите на Фондацијата „Чекор по чекор“  во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.
Познавање јазици: познавање на македонски, албански и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување.
Знаење: Разбирање на образовниот систем во Македонија.
Вештини и способности: Компјутерски вештини (вешто користење на MS Office), познавање и користење на социјалните мрежи за промоција на проектот, комуникациски вештини.

Дополнителни информации:
Опрема која ќе се користи: Компјутери
Патувања и прекувремена работа: повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно. Ангажмани за време на викенди.
Конторола: надгледувањето го врши Проектниот координатор. 

___________________________________________

Отворен повик за лице за привремена поддршка на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија има потреба од 1 лице за привремена поддршка на реализацијата на активностите од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Подолу опишаните позиции се наменети само за македонски државјани.

Фондацијата поддржува и промовира еднакви можности за работа и ги охрабрува квалификуваните лица со попречености да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават кратко мотивациско писмо и ажурирана професионална биографија на следнава email адреса:kika@stepbystep.org.mk

Крајниот рок за доставување на апликациите е 12.08.2014 до 16 часот.

Избраните кандидати ќе бидат известени за терминот на интервјуто.

Главни задолженија и обврски

Под раководство на колективот на фондацијата, лицето ќе ги извршува следниве активности:

  • обезбедува логистика и друга неопходна поддршка на проектните активности;
  • осмислува и реализира креативни активности за деца во рамки на Читачкиот караван;
  • учествува во организација и реализација на промотивни настани во рамки на Читачкиот караван;
  • учествува во организација и реализација на креативни и друг вид активности во Детскиот креативен центар;
  • помага во организација на настани, семинари и состаноци; 
  • изведба на други сродни задолженија.


За својата работа лицето има обврска да подготви и достави месечен работен план и извештај. Планот и извештајот ги подготвува заедно со проектниот координатор.   

Барани квалификации:

Образование: ВССили последна година од студии

Претходно работно искуство: Не е потребно.

Обука на работното место: Упатување во политиките и процедурите на работење на Фондацијата „Чекор по чекор“ во текот на извршувањето на дадените задолженија, како и за Кодексот на однесување.

Познавање јазици: Познавање на македонски и англиски јазик (течно); неопходни се развиени комуникациски вештини, читање и пишување. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Вештини и способности: Компјутерски вештини и комуникациски вештини. Поседување возачка дозвола.

Дополнителни информации:

Опрема која ќе се користи: Компјутери и службени возила.

Патувања и прекувремена работа: Повремено патување надвор од канцеларија до сите делови од Македонија и надвор од Македонија ако е потребно.

Конторола: Надгледувањето го врши Проектниот координатор.  

обучувач за меки вештини за млади, невработени лица со попреченост

 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието