Покана за настан "Speech4Teach - инспирација за едукација“ #2

 

Speech4Teach2017

Втора година по ред, во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го организира настанот "Speech4Teach-инспирација за едукација“. Овој настан претставува можност да слушнеме инспиративни приказни раскажани преку лично или професионално искуство на наставници, родители, ученици и претставници од невладините организации кои работат во областа на образованието. 

За учество, пополнете електронска пријава тука: https://www.eventbrite.com/e/speech4teach-inspiration-for-education-2-tickets-39213611969?aff=es2 
Дневен ред на настанот:
12:00-13:00, фоаје на кино „Фросина“ - Регистрација на учесници
12:00 - 13:00, Детски креативен центар (МКЦ, кат 2) - изложба на постери и портфолија на наставници-членови на „Заедници за учење“
13:00- 14:30, кино Фросина - Официјално отворање на настанот и инспиративни говори:
-Шпетим Љатифи - раководител на Проект на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот
-Кирил Барбареев - професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и блогер за образование
-Радмила Рангелов Јусовиќ – извршна директорка на Центарот за образовни иницијативи „Чекор по чекор“ – Босна и Херцеговина
-Гораст Цветковски - актер при Македонскиот народен театар и родител
-Ванчо Полазаревски – автор на литература за деца
-Весела Богдановиќ – одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“ – с.Ивањевци, Могила, меѓу ТОП 50 иновативни наставници во светски избор Global Teacher Prize
- Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – с.Ивањевци, Могила
14:30 - 15:00 - Закуска и музичка програма
*Работниот јазик на настанот е македонски.
**Влезот е бесплатен.
***Бројот на посетители за првиот дел од настанот (изложба на постери и портфолија на наставници во Детски креативен центар) е неограничен.
****Бројот на местата е строго ограничен за вториот дел од настанот (кино Фросина). За да обезбедите место за настанот, задолжителна е резервација на билет преку оваа електронска платформа. Потребно е да приложите испечатен билет на влез на денот на настанот.
*****Поради огромниот интерес од публиката, а ограничен капацитет во салата на кино „Фросина“, организаторот ќе обезбеди пренос на настанот во живо во фоајето на кино „Фросина“.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo