Обука за инструментите за процена на писменоста со ДИЦ

 

На 29 ноември 2017 година, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ реализираше обука за советниците од Државниот испитен центар за примена на инструментите за процена на јазичната и математичката писменост ЕГРА и ЕГМА.
Присутните ги поздравија и директорот на ДИЦ, Неџмедин Садику и извршната директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“, Сузана Киранџиска.

DSC 0166
На почетокот од обуката, Викторија Димитровска, координатор за процена на јазичната и математичката писменост во проектот, ги презентираше активностите на проектот и досегашните постигања, како и начинот на кој беше спроведувана националната студија за процена на јазичната и математичката писменост во 2016 година во сите основни училишта во Република Македонија.

DSC 0028
Советниците од ДИЦ, Тања Андонова Митревска и Наим Демири, го презентираа инструментот ЕГРА, видот и структурата на задачите во овој инструмент, како и постигањата на учениците од второ и трето одделение. Инструментот по математика, ЕГМА, начинот на кој е изработен и постигањата на учениците беа презентирани од советничката Афердита Сарачини.

DSC 0044

DSC 0076

Присутните советници имаа можност и практично да пробаат како инструментите ЕГРА и ЕГМА се спроведуваат со таблет компјутер.Бети Ламева, Раководител на одделението за ИТ и матура во ДИЦ, објасни како се дизајнира примерокот и се бираат ученици по случаен избор на кои се вршат процените и на кој начин потоа се обработуваат податоците.

DSC 0106

DSC 0131

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ се спроведува од мај 2013 година во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, Државниот испитен центар и Педагошките факултети. Целта на проектот е подобрување на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo