Објавен нов прирачник со активности за описменување за ученици со попреченост

Во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавивме нов прирачник со активности за јазично и математичко описменување на ученици со попреченост. Прилагодувањата се направени на активностите кои веќе ги објавивме во претходни два прирачници: „Чекор по чекор до јазична писменост- 50 активности за совладување на јазичнитеpoprecenost вештини“ и „Математика низ игра“. Избраните активности во одреден
степен се модифицирани, согласно на потребите и можностите на учениците со интелектуална попреченост и
на наставниците им нудат идеи и инструкции за користење на визуелни и манипулативни дидактички средства
за совладување на содржините од областа на јазичната и математичката писменост. Во прилагодувањето на активностите беа вклучени дефектолози од посебното основно училиште „Маца Овчарова“ - Велес. 

Во Прирачникот во различен процент се опфатени наставни подрачја од наставните програми по мајчин јазик и
математика за почетните одделенија: Слушање и говорење, Почетно читање и пишување,
Јазик, Литература, Изразување и творење, Броеви, Математички операции, Мерење, Работа со податоци, Решавање на проблеми и Геометрија.

За секоја понудена активност се посочени потребните материјали, даден е опис на активноста и дадени се насоки во однос на подготовка и реализација на активноста. Начинот на подготовката на активноста е илустриран со фотографии преку кои се гледа постапноста во подготвувањето на материјалите. Притоа, секој наставник треба да ја модифицира, збогати или измени активноста во зависност од потребите и можностите на ученикот со попреченост. 

Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик. За пристап до верзијата на македонски јазик, притиснете ТУКА или на илустрацијата од десна страна. 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието