Најава за настан „Олимпијада за читање и математика“

 

Reading and Math Olympics banner

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ве кани на настанот „Олимпијада за читање и математика“ за деца од предучилишна возраст и одделенска настава. Родители, тетки, дедовци, братучеди, наставници – сите сте добредојдени со вашите најмали и најмили!
Придружете ни се во Градски парк – Скопје на „Школка“ на 16 мај (среда) во периодот од 11:30 – 13:30 часот. Дел од содржините се:
- „Азбучно бинго“, „Разговараме за чувствата“, „Кога рибата би се викала птица“, „Збор по збор до приказна“, „Гасеница“, „Математичко килимче“.. и уште многу други групни забавни активности за читање и математика
- Библиотека на тркала
- Совети за читање од Доктор Читко
- Ликовно катче
И уште многу други изненадувања...
Овој настан е дел од низата настани кои ги организираме по повод официјалното завршување на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Повеќе информации за проектот на: http://stepbystep.org.mk/mk/proekt-ral

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието