Ноќта полека се спушта над градот.

Светилките во улицата
каде што живее Иван се палат
една по една како милион
ѕвезди. Во неговиот дом
домашните се подготвуваат за
спиење, испраќајќи уште еден
работен ден. Иван неволно
влегува во својата соба и за
последен пат пред легнување
погледнува низ прозорецот.
- Колку е прекрасно небото
ноќе! Сиве овие ѕвезди,
големи и мали, изгледаат
како безброј стакленца што
светат. Ех, кога би можел да
ги погледнам одблиску!
воздивна Иван и ги затвори
очите искрено посакувајќи
да допре до секоја од нив.
- Што е, што се случува? вознемирено
прошепоти момчето.
- Не плаши се! се насмевна фотелјата
во која удобно се беше сместил. Јас ја
исполнувам твојата желба и те водам
на волшебно патување низ вселената!
- Еј, ова е супер! Ние летаме!
Види ја мојата куќа личи
на кибритче! восхитено
извика Иван, а зад него куќата
стануваше се помала и помала
се додека не се изгуби.
- Значи, го започнавме нашето
патување низ вселената! рече
фотелјата со сериозен глас.
Планетата на која живееш и која
ја оставивме зад нас се вика....
- Како, како се вика?
нестрпливо праша Иван.
- Земја одговори фотелјата.
Запомни, или, подобро запиши
во твојата тетратка.
ПЛАНЕТАТА НА
КОЈА ЖИВЕЕМЕ СЕ
ВИКА ЗЕМЈА И Е
ЕДИНСТВЕНА ВО
НАШИОТ СОНЧЕВ
СИСТЕМ НА КОЈА
ЗНАЕМЕ ДЕКА
ПОСТОИ ЖИВОТ.
- Ова е месечината! -продолжи
фотелјата. Таа го осветлува твоето лице
и те чува додека спиеш.
- А дали месечината спие и се одмара
кога е ден? - љубопитно запраша Иван.
- Не, се насмевна фотелјата.
Месечината свети и дење, но светлината
на Сонцето е поголема, па изгледа како
таа да спие. И запиши....
ЗЕМЈА:
МЕСЕЧИНАТА СЕ
ВРТИ ОКОЛУ ЗЕМЈАТА
И ЗАЕДНО СО НЕА
ОКОЛУ СОНЦЕТО.
- А сега внимавај добро! Го
предупреди фотелјата. Сега ќе ти
покажам што не си можел да го
замислиш ни во сон.
- Што тоа? Возбудено праша Иван.
- ОВА Е НАШИОТ СОНЧЕВ
СИСТЕМ - ПОЧНА ДА
ОБЈАСНУВА ФОТЕЛЈАТА.
ВО ЦЕНТАРОТ СЕ НАОЃА
СОНЦЕТО, А ОКОЛУ НЕГО
КРУЖАТ ОСУМ ПЛАНЕТИ.
- Да почнеме со ред. Прва и
најблиску до Сонцето е планетата
Меркур. Слична е на Месечината
и прошарана е со многу кратери.
Другата планета е Венера, чија
гравитација е поголема од онаа
на Меркур. Еве ја повторно
нашата планета продолжи да
објаснува фотелјата.
- А која планета е оваа ? весело
запраша Иван
- Е, ова е Марс одговори
фотелјата.
- А зошто е толку црвена. Дa не
е заљубена? Се насмевна Иван.
- Не. Црвена е поради железото
што го содржи во почвата.
Значи запиши....
МАРС:
ПЛАНЕТАТА МАРС
Е ЦРВЕНА ПОРАДИ
ЖЕЛЕЗОТО ШТО ГО
СОДРЖИ И ПОРАДИ
ЦРВЕНИОТ ПРАВ ВО
ВОЗДУХОТ.
- Леле колку е голема оваа планета!
Како се вика?
- Тоа е Јупитер рече фотелјата.
Најголема планета во сончевиот
систем. Поголема е околу илјада
пати од Земјата. Заради нејзиниот
состав позната е како “гигант од гас”
ЈУПИТЕР:
НАЈГОЛЕМА
ПЛАНЕТА
ВО НАШИОТ
СОНЧЕВ СИСТЕМ.
СОСТАВЕНА ОД
ГАСОВИ.
- Следната планета е
најпозната заради своите
прстени и се вика Сатурн.
Таа е шеста планета и е
една од најубавите планети.
Запиши нешто за неа.
САТУРН:
СОСТАВЕН Е ОД
МАТЕРИИ ПОЛЕСНИ ОД
ВОДА, А ПРСТЕНИТЕ
СЕ ОД ПРАВ МРАЗ И
КАМЕЊА.
- Двете последни планети се
Уран и Нептун.
- А, зошто се сини, да не се
степале, или пак се тажни?
запраша Иван.
- Ха, ха се насмевна
фотелјата. Тоа е поради
нивниот состав. Тие се богати
со големи количини на метали.
- А тоа, тоа по нив, малото,
тоа е Плутон. Порано беше
планета.
УРАН И НЕПТУН,
СЕ ДВЕТЕ ПОСЛЕДНИ
ПЛАНЕТИ ВО
СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ.
- Време е да си одиме дома
рече фотелјата. Тоа е се
што би можел да научиш за
Сончевиот систем за почеток.
Држи се добро! Нашето
враќање ќе биде возбудливо,
низ поле од астероиди.
- Не би сакал да се судриме
со некоја од нив рече Иван.
Но токму во тој момент....
... нешто силно тресна и малиот Иван се најде на
подот од својата соба, не знаејќи што се случува.
- Мора да сум заспал сонливо прошепоти.
- А можеби сето тоа не беше само сон. Би сакал
да знам дали навистина патувавме заедно низ
вселената. рече гледајќи во превртената фотелја.
- Ако сепак беше сон, би сакал повторно да го
сонувам, а ако навистина патував.....
Возбуден од тоа што му се случи не можеше
да заспие долго во ноќта и гледајќи
низ прозорецот размислуваше и се
надеваше дека ова патување нема да
му биде последно. Пa тој сакаше да
научи уште толку многу работи за
вселената, да посети толку планети, да
запише уште многу нешта во својата
тетратка.
Кој знае, можеби желбата ќе му се
исполни....