На Јованче му се чинеше
дека темницата е црно
ќебе, толку големо што кога
ќе се исклучеа сијалиците,
темницата ќе паднеше врз
собата и ќе ја покриеше.
Јованче не можеше да си ги
види ниту краевите од прстите.

„Боби, се плашам“, му рече на
својот постар брат.

„Зошто не си храбар како
мене?“ праша Боби.

Јованче почна да плаче.
„Шшшш“, рече Боби. „Потивко,
бидејќи може да го разбудиш
бебето. И ако Ане стане, Мама
ќе треба да ја лула цела ноќ“.

Но Јовачне продолжи да плаче.
„Ако престанеш да плачеш, ќе ти дадам да си
играш со моите војници“, рече Боби.
Јованче престана да плаче.

„Ќе ми дадеш?“ праша тој.

„Ти ветувам“, одговори Боби.

„И командантот?“ праша Јованче.

„Да, и командантот, а сега ајде да спиеш“.

Командантот. Имаше светкави сребрени
копчиња и вистински двоглед кој висеше на
неговиот врат. Командантот не се плашеше
од ништо, а и неговите војници беа храбри.
Јованче толку многу ги
посакуваше тие војници. Што
ако Боби се премисли до утре?

„Подобро да ги земам сега“, си
помисли Боби.

Стана од креветот. Кога
неговото босо ноџе го допре
студениот под, се стресе.

Што ако под креветот има
чудовишта?
Јованче скокна назад во креветот,
го навлече ќебето преку глава и ја
побара раката на Боби.

Боби 'рчеше.

Јованче повторно помисли на
војниците. Навистина ги сакаше.
Пополека, Јованче го спушти
ќебето и повторно стана од
креветот.

Еден чекор, два чекора, три....
Помина покрај страшната врата
од шкафот. Јованче почувствува
дека нешто го зграпчува.
Чудовиште во столот на Боби!
Јованче се сврте готов да се
стрча кон креветот.
Наеднаш, слушна нечиј плач.
Неговата сестричка Ане плачеше.

„Шшшш!“ прошепоте Јованче. Но Ане
продолжи да плаче.

„Мора да бидам храбар!“ си рече
Јованче.

Направи еден чекор, два чекора, три.
Еден чекор, два чекора, три.
Јованче стигна до креветот на Ане.

„Цуцлата ти паднала од устата“,
прошепоте тој.

Пополека, Јованче ѝ ја стави цуцлата
на Ане и ги избриша солзите од
нејзиното лице.

Таа престана да плаче.
Јованче ја покри со ќебенцето.
Сакаше и да ја бакне, но оградата
од креветчето беше превисока.
Јованче се чувствуваше сè
похрабар и похрабар. Ги виде
командантот и војниците на
полицата со книги. Внимателно,
Јованче ја крена раката и го
зеде командантот.

Ременот и еполетите на
командантот сјаеја.
Јованче цврсто го стисна
командантот во раката.
Сите војници како да
го гледаа Јованче со
огромна почит.

„На спиење, војско“, им
нареди Јованче.
Додека се враќаше кон креветот,
Јованче го врати на место столот на
Боби. На него веќе немаше чудовиште.
Само еден куп алишта. Јованче протрча
покрај алиштата и си легна во креветот.
Собата веќе не изгледаше толку темно.
Јованче можеше да си ги види рацете и
џуџињата на своите пиџами.
Јованче го поткрена ќебето и го стави
командантот на неговата перница.

„Ќе му раскажам на Боби за сите
авантури утре наутро“, си помисли.

Јованче можеше да го чуе дишењето
на брата си и звуците на цуцлата што
сестра му ја цицаше.

Ноќта сега изгледаше пријателски
расположена. Јованче ги затвори
очите. Тој и неговиот командант
заспаа.