Јас сум Иван.
Живеам со Mама, Tато и Рони.
Рони лае цела ноќ, растура низ
целата куќа и шара по ѕидовите.
Но тој никогаш не се појавува
на фотографии.
Ние живееме во мал стан.
Мама и Тато скоро и никогаш
да не одат на работа. Па сите
си играме со Рони.

Тешки времиња се.
Најпосле, едно утро,
работите тргнаа на подобро.

Мама и Тато ми кажаа така!

Ќе се селиме во нов,
поголем стан!
Мама и Тато имаат изненадување
за мене. Ми купија куче!

Велат дека името му е
Вистинскиот Рони.
Тетка Марта доаѓа во нашиот
нов стан за да ме чува додека
Мама и Тато се на работа.

Тетка Марта ми се допаѓа. А ми
се допаѓа и Вистинскиот Рони.
Вистинскиот Рони лае цела
ноќ, растура низ целиот стан,
и шара по ѕидовите.
И секогаш се појавува на сликите.

Дојдоа подобри времиња.
Сè е супер, ама...
...ми недостасува стариот Рони.
„Не ми пречи тоа што тој никогаш
не се појавува на сликите“, им
велам на Мама и Тато.

Тие седат до мене на каучот.
Мислиме и размислуваме.

Најпосле, јас добив идеја!
Сега, секој ден кога Мама и Тато
ќе се вратат од работа, си играме
со Вистинскиот Рони.

А кога тетка Марта попладне ќе
го однесе на прошетка...
….ги гасиме сите сијалици,
седнуваме на каучот,
ги отвараме очите, и чекаме....
...нашиот стар Рони да почне да лае.