Еден ден, мама донесе
цела торба портокали
од продавницата.
„Обожувам портокали!“ извика Стефан.
Ја зеде торбата, ја однесе во својата соба,
и почна да ги брои.

„Еден, два, три, четири, пет портокали!
Сам ќе ги изедам сите.
Влезната врата тресна. Тато се врати од
работа. Изгледаше многу уморен.

„Можеби сочен портокал ќе го освежи“,
си помисли Стефан.

„Мене ќе ми останат доволно“.
Стефан му го даде на Тато најмалиот
портокал.

„Еве“, рече тој. „Ова е за тебе“.

Тато изгледаше среќен!
Стефан се врати во својата соба и почна да ги
брои портокалите.

„Еден, два, три, четири портокали. Сите за мене“.

„Стефан!“, го викна Мама.

„Дојдоа Никола, Мирослав и Игор да си играте.
Штета што немаме ништо да ги почестиме“.
Стефан се обиде да ги скрие портокалите
зад грб, но неговите раце имаа друга идеја.
Тие им подадоа портокали на Никола,
Мирослав и Игор.
Секој од нив го зеде најголемиот портокал
што го виде.

„Благодарам!“ рекоа тие во еден глас.
Стефан ја скри торбата со портокали под кревет.

Во тој момент Мама воздивна: „Леле колку сум
жедна!“

Стефан знаеше што може да ја освежи. „Повели,“ ѝ
рече, „ова е за тебе“. Ѝ даде на мајка си портокал.
Кога сите почнаа да ги лупат портокалите,
Стефан се врати во својата соба. Ја извади
торбата со портокали.

Беше празна!

„НЕМА ПОРТОКАЛИ ЗА МЕНЕ!“ заплака.
Мама, Тато, Никола, Мирослав и Игор се
втурнаа во собата на Стефан.

Стефан ја држеше празната торба.

„ЈАС НЕМАМ НИТУ ЕДЕН ПОРТОКАЛ“,
липаше тој.
„Еве“, рече Тато, „земи дел од мојот портокал“.
Го преполови својот портокал и му даде едно
парче на Стефан.
„Можеш да земеш малку и од мојот“,
му понуди Никола.

„и од мојот“, рече Мирослав.

„Од мојот исто така“, додаде Игор.
Мама го подели својот портокал со Стефан.
Рацете на Стефан беа полни со
сочни резанки портокал.

„Има доволно портокали за сите!“
извика Стефан.
Сите седнаа на масата и си ги јадеа портокалите.

Тоа беше сладок крај за еден убав ден.