ети имаше убава кукла. Ана, исто
така, имаше убава кукла.

„Дојди да си играш со нас!“ ја викнаа
тие Неда.

„Не можам“, рече таа, „јас немам кукла“.

Неда ги гледаше другарките како си
играат. Потоа натaжено си отиде дома.
„Може да ми купите кукла?“ ја праша
Неда мајка си.

„Би сакала да можеме да ти купиме
кукла“, рече мајка ѝ, „но немаме пари“.

Неда доби идеја: „А може ли јас да си
направам?“ праша таа.

„Одлична идеја!“ одговори мајка ѝ.

Неда и мајка ѝ барaa низ целата куќа
нешто што ќе ѝ послужи на Неда да си
направи кукла.

„Еве една корпа полна со разни нешта“,
рече мајка ѝ.

Неда зеде мека волница, памучна
ткаенина, ножички и малку лепак.
„Првин ќе го направам телото“,
одлучи Неда.

Почна да мота долги ленти
ткаенина на еден дрвен молив.
Ја моташе и моташе ткаенината
сè додека таа не стана убаво
меко тело.

„Тешко е да се направи глава на
кукла“, ѝ рече Неда на мајка си.

„Знам дека треба да биде
тркалезна, но што би можела да
искористам?“
Неда намота мека волница
околу една паричка. Ја заврза
паричката за телото на куклата
со дебел конец.

„Одлично“, рече Неда.

„А сега, каква боја да ѝ ја
направам косата?“
Неда најде малку жолта волница
и ја залепи за главата на куклата.
Потоа ѝ ја собра косата со
небесно сина панделка.
„На куклата ѝ требаат очи“, рече мајка ѝ.

Неда зеде црн фломастер и нацрта две
прекрасни очиња, црни како маслинки.
Потоа го зеде карминот на мама и
нацрта големи црвени усни.
„Како да те облечеме“, се мислеше Неда.

Заедно со мајка ѝ сошија прекрасен
фустан на точки.

„Сега си подготвена да излезеш да си
играш“, рече Неда.
„Ап-чих!“ кивна Неда. „Ап-чих!“

Најде марамче и си го издува
носот. Нос! Нејзината кукла
немаше нос!

„Како ли ќе киваш ти?“ се
запраша Неда.

Пребаруваше секаде за да
најде нос.
Се обиде со морков.

„Предолг е“, мудро заклучи.

„Личиш на Пинокио“.

Се обиде со портокал.

„Ах, носот везден ќе ти
тече!“ рече и се насмеа.
Неда се обиде и со зрно пченица,
но тоа беше премалечко.

„Гравче“, возбудено извика.

„Можеби гравчето ќе пасува“.

И пасуваше!
Најпосле, куклата на Неда беше
подготвена за играње. Неда истрча
во паркот и им ја покажа куклата на
Кети и Ана.

„Од каде најде толку убава кукла?“
праша Ана.

„Сама си ја направив!“ одговори Неда.

„Тоа е најубавата кукла што сум ја
видела“, рече Кети.

„Може ли да нè научиш како и ние да
си направиме?“

„Се разбира“, гордо одговори Неда.
Кети, Неда и Ана си играа
со куклите цело попладне.

„Утре ќе ви покажам како
се прават кукли“, им рече
Неда на Кети и Ана.
За време на вечерата, Неда ѝ кажа
на мајка си дека куклата многу им
се допаднала на нејзините другарки.
Откако вечераа, Неда се проѕевна.

„Јас и мојата кукла денес се
изнаигравме, па сега ни се спие“,
рече таа.

Мама ја легна Неда во креветот и ја
бакна за добра ноќ. Неда ја легна
куклата покрај себе и ја бакна за
добра ноќ.
Додека спиеја, носињата им се допираа.
И заедно сонуваа убави соништа.