Дечиња!!! Во оваа сликовница ве
водам низ градските улици по кои има
многу автомобили и многу опасности.
Внимавајте добро и научете некои
сообраќајни знаци и правила.

Само така ќе станете безбедни
учесници во сообраќајот, како што
сум и самиот јас.
Пешачкиот премин чудно име
има го викаат зебра, а животно
не е, риги по цело тело, а
опашка нема, секој таму
улицата да ја премине смее.
Како диригент со оркестарот вешто
диригира сообраќаецот,
облечен во сино, густиот сообраќај
го регулира со телото и рацете на
возачите им дава знаци, кога треба
да запраат, за преку улица да
минат печаците.
Низ улицата секогаш опасност
те чека брзаат автомобили како
подивена река. Затоа погледни прво
в лево, а потоа в десно и помини
преку улиците внимателно и лесно.
Семафорот има три големи очи,
штом црвено ќе светне секој мора
да кочи. На жолто брзо подготви се
ти и тргни кога зелено ќе засвети.
Знакот „СТОП“ наредба да се
застане дава опасност можеби
демне на улицата права.

Возачи внимавајте, никој не ве
брка не правете од сообраќајот
автомобилска трка.
Децата и утрово, а тоа не
е прв пат на истото место
улицата ја минуваат.

А вие, возачи, добро
погледнете го знакот кој
предупредува „Внимание!
Деца на патот!“
На својот велосипед разни
акробации да направам можам
но морам да внимавам каде треба
да возам. Патеката за велосипеди
е најбезбедно место својот
велосипед таму го возам често.
Кога ме вози тато во автомобилот наш
сигурен се чувствувам, од ништо не се
плашам. За сообраќајната безбедност
тој знае сè, не се паркира каде и да е.
Штом овој знак го
видиш, знај кон
железничка пруга
ти се ближиш.

И запомни добро:
кога преку шини
минеш, отвори очи
ширум за безбеден
да бидеш.