Едно утро Тато му
донесе на Марко голема сино-
зелено-кафено-бела топка. Марко
сакаше да си игра со неа.

„Ова не е топка“, рече Тато. „Ова е
планетата Земја на којашто ние живееме“.

„Земјата е тркалезна?“ праша Марко.

„Да“, одговори Тато. „Ако патуваш околу
земјата долго време, ќе стигнеш
онаму од каде што си тргнал“.

„Навистина?“ праша
Марко.
Го стави својот мал
автомобил на глобусот,
но тој не отиде никаде, само
падна на масата.

Откако ручаше, Марко реши:

„Ќе патувам околу светот и ќе
проверам дали Земјата е
навистина тркалезна“.
Спакува две парчиња топол
леб и си ја зеде најдебелата
јакна. Се качи на трициклот
и замина по улицата.
Куќата
на Марко стануваше сè
помала и помала. Марко можеше
да ја чуе песната на птиците.

„Никогаш порано не сум ги слушнал овие
птици“, рече Марко. „Мора да пеат на
некој друг јазик“.
Сонцето се искачуваше
сè повисоко и повисоко.

„Леле колку е топло“, рече Марко.
„Мора да сум во Африка!“

Застана под една дебела сенка
да се одмори. Беше многу
гладен, па изеде едно
парче леб.
     Марко одново се качи
на трициклот.

  „Мислам дека досега веќе
поминав половина свет“,
рече тој. Повторно огладне, па   
го изеде и второто парче леб.    
Сврте со трициклот околу еден голем вир.

„Ова мора да е море“, си рече.          

Сонцето почна да заоѓа. Стануваше сè поцрвено.      
Дрвјата правеа страшни сенки.
Изгледаше како секој момент
да ќе го зграпчат Марко во  
своите црни крошни.
Марко забрза. Се стресе.

„Застудува“, рече Марко.   
„Мора да сум на Северниот   
Пол!“ Го закопча патентот     
на својата јакна.            
Светот е толку голем!
Но каде е дома? Марко
возеше најбргу што
можеше.
Наеднаш, Марко здогледа светлина. Дали
е тоа месечината?
Светлото се приближи
уште повеќе.

„Тоа е мојата куќа!“ извика
радосно Марко.

Погодете кој го пречека пред
вратата? Мајката на Марко.
Mарко, храбриот патник, беше
среќен што е дома! И неговиот
трицикл, исто така, крцкаше од среќа.

„Каде беше?“ го праша мајка му, „те
немаше долго време“.

„Патував околу светот“, одговори тој
„и сега сум подготвен за вечера“.
Додека го јадеше
лепчето со ајвар, Марко
му рече на Тато:

„Беше прав. Земјата е
тркалезна како топка. Колку
и да возам, секогаш
доаѓам дома!“