Беше утро.

Светле се подготвуваше за на училиште.
Мама се подготвуваше за на работа.
Светле си ги изми забите. Мама стави кармин.

„Мамо, и јас сакам кармин!“ рече Светле.

„Кога ќе пораснеш!“ ѝ одговори Мама.
Тато ја одвезе Светле во градинка.

„Тато, и јас сакам да возам автомобил!“
рече Светле.

„Кога ќе пораснеш“, одговори Тато.
Во градинка, учителката им читаше една бајка.

„Принцот и неговата таинствена принцеза
танцуваа до полноќ“, читаше учителката „и во
тој момент магијата се прекина“.

„И јас сакам да танцувам до полноќ!“ викна
Светле.

„Кога ќе пораснеш!“ одговори учителката
смешкајќи се.
Таа вечер, Мама нарави шпагети за вечера.

„Мамо, кога ќе бидам голема?“ праша Светле.

„Кога ќе бидеш висока колку мене“, одговори
мајка ѝ и го проба сосот.
„Стигнав“, викна Тато од ходникот.

Светле се стрча во неговата прегратка.

„Татичко“, извика таа.
Тато ја заврте, ја крена високо во воздух и ја
стави на своите рамена.
Заедно влегоа во кујната. Тато ја бакна Мама.

Светле ја погледна Мама одозгора и се насмеа
од уво до уво.

„Мамо, голема сум“.

„Е па, ако е така, млада дамо“, рече Мама,
„можеби овој сос може да ти послужи како
кармин?“

Светле си доби вкусен кармин на усните.
„Сега кога сум голема, ќе можам и автомобил
да возам“, рече Светле.

„Ќе ме одвезеш ли, те молам, до масата, млада
дамо“, рече Тато.

Светле го управуваше својот автомобил со
чинија.
Откако вечераа, Светле рече:

„Бидејќи сум голема, сакам да танцувам
до полноќ“.

„Сè што ќе посакаш“, рекоа Мама и Тато.
Но, до полноќ имаше уште многу, многу
време.

Околу осум часот Светле слезе од рамената
на Тато и рече:

„Уморна сум. Сакам да си легнам.“
Мама и Тато ѝ читаа приказна за добра ноќ,
додека се наведнуваа да ја бакнат,
Светле им шепна: „Ќе почекам уште некое
време за да бидам голема, ама вие може да си
бидете големи ако сакате“.