Јана се разбуди пред изгрејсонце.
Цела ноќ не можеше да заспие.

Не беше навикната на новата куќа.
Откако појадуваше, Јана се
одвезе во својата количка блиску
до прозорецот.

Таа ги гледаше децата како се
собираат во училишниот двор.
„Јана, дали си подготвена?“ ја запраша
мајка ѝ од ходникот.

Јана не одговори. Се стутка во количката и
уште поцврсто ја стегна својата хармоника.

Денес е нејзиниот прв училишен ден.

Јана не познава никого на училиште, ниту
пак некој ја познава неа.
За да се расположи, Јана почна да свири
една тивка песна на својата хармоника.

„Ајде да одиме, најмило“, рече мајка ѝ
нежно. „Инаку ќе задоцниме“.

„Не можам да одам“, одговори Јана.

„Не знам ниту да читам, ниту да пишувам“.

„Затоа и одиш на училиште“, ја убедуваше
мајка ѝ. „Да го научиш она што не го знаеш“.
„Ама како ќе одам вака?“ праша Хана и погледна
надолу во своето тело залепено за количката.

„Немој да се грижиш, најмило, останатите деца
ќе те сакаат“, рече мајка ѝ. „Ајде да одиме“.
Таа ја турна количката низ вратата.
Јана и мајка ѝ застанаа на аголот пред училиштето
и чекаа да се отвори големата училишна врата.
Јана гледаше во земјата и цврсто ја
стискаше хармониката. Имаше чувство
како сите да гледаат во нејзината количка.

Сакаше да потрча и да се скрие. Но, немаше каде
да оди.
Јана ја развлече хармониката. Тууу.
Звукот малку ја развесели.

Повторно ја развлече. Туууу, Тууу.
Звукот уште повеќе ја расположи.
Јана ја приближи хармониката до себе
и почна да свири. Додека свиреше,
почна да се чувствува подобро.

Па затоа почна да свири погласно.
Додека ја слушаше музиката, Јана
заборави на децата кои гледаа кон неа.
Јана продолжи да свири.
„Јана, погледни!“ рече мајка ѝ.

Јана погледна. Виде момчиња и девојчиња
насекаде околу неа плескаа со рацете во
ритамот на музиката.
„Твојата музика е толку весела“, рече едно девојче.
„Ми се допаѓа“, извика едно момче.

„Имаш волшебни прсти“, додаде друго девојче.

„Можеш ли да ме научиш да свирам на хармоника?“

„Да“, рече со насмевка Јана, „можам“.
Во тој момент, големата врата од училиштето се
отвори. Додека мајка ѝ ја туркаше количката со
Јана, другите деца одеа по нив, расправајќи се
кој ќе седи најблиску до Јана.

Јана продолжи да свири на хармониката,
додека се движеше низ училишните ходници.
Денес ќе биде прекрасен ден!