Здраво, јас сум Сашко. Јас живеам во
детскиот дом. Немам ни мајка ни татко.
Затоа сакам куче. Многу посакувам.

Му напишав писмо на Дедо Мраз да ми
донесе. Всушност, му нацртав едно.
Изгледаше живо.
Кучето кое го најдов под новогодишната елка исто
така изгледаше живо. Беше направено од кафеаво
кадифе и имаше светкави пластични очи.

Нашиот чувар на домот господин Александар,
лазеше пред него во собата за да ги провери
програмите за 'ржење и завивање.
Ненадејно, кучето ја крена својата задна
нога и направи убаво вирче.

„Кучето е расипано“, се жалеше госпоѓица
Мирјана, нашата главна медицинска сестра.

„Јасно им реков во продавницата дека
сакам нешто што не прави вирчиња!“
Другите деца одвиткуваа кутии за пенкала и
комплети боички. Никој не забележа кога ја
напуштив собата.

Јас сакав куче. Многу го посакував.
Со Дени, момчето од соседството, направивме
трампа, за неговата желка јас му дадов пет
сликички со хокеари.

Мојата желка ја крстив Ева, по девојчето кое го
посвои едно семејство.

Ја чував Ева во кутија зад шкафот. Таа спиеше
цела зима. Дури викањето секое утро на
госпоѓица Мирјана не ја будеше Ева.
Еден ден во февруари, Ева се разбуди.
Полека се искраде од кутијата и отиде право
во кујната. Од под фрижидерот ја ѕиркаше
готвачката.

„Змија!“ вресна готвачката. „Ме нападна змија!“
Ева мораше да се врати кај Дени. Тој не беше
среќен, но кога разбра дека не треба да ги
враќа сликичките со хокеари ѝ се сожали.

Јас сакав куче. Многу посакував.

Најдов некои полжави во дворот. Ги ставив
во кофа.
За жал, тие избегаа од кофата уште првата вечер.
Ги следев нивните светкави траги, но не можев да
ги најдам сите.

„Види што ѝ направиле овие мали чудовишта на
политурата на мојот нов мебел во канцеларијата.“
Викаше госпоѓица Мирјана.

„Ќе ги продадам во француски ресторан“, - рече
господин Александар.
Успеав да ги зачувам и да ги ослободам.
Сите освен еден што госпоѓица Мирјана
го фрли низ прозорецот.

Ова никогаш нема да ѝ го простам.
За одмазда решив да си ставам вошки во косата.

Не беше лесно да се најдат вошки.
Најпосле, успеав да префатам од момчето што
патуваше до нашето училиште.
Никогаш полута не сум ја видел гoспогица Мирјана.

„Не се откажувам од нив!“ - ѝ реков.

Се борев како лав. Се обидов да зачувам неколку
во мојата крпа. Но гoспоѓица Мирјана победи.

Немам вошки, но останав и без коса.
Па, косата ќе порасне.
Но нешто се случи. Госпоѓица
Мирјана ме однесе во својата
канцеларија каде што чекаа еден
човек и една жена.

„Дали би сакал ние да ти бидеме
родители?“ - Ме прашаа тие.

Не знаев. Јас отсекогаш сакав куче.
Многу го посакував. А не го добив.
На крајот реков: - „Ќе се обидам“.

Си помислив ајде да видам дали оваа жена ќе ги
сака мравките фараони што ми ги вети Дени.

Тоа утро ние ги напуштивме госпоѓица Мирјана,
господин Александар и другите деца.

Пристигнавме во нивната куќа. Размислував за
мравките фараони сѐ додека не видов што нѐ
чека на портата. . .
. . . прекрасен германски овчар.

„Ајде Бен, ова е твојот нов господар“,
- рече човекот додека ја чешкаше
главата на кучето.

Кучето пријателски ме душна.

„Така Бен, одлично сторено. Ова е
нашиот син Сашко“, рече жената и ме
погали по главата.
Јас сакав куче. Многу го
посакував. А сега го имам.

Но, не само него.

За прв пат во мојот живот,
имам мајка и татко.