Дени обожаваше да ги
расклопува своите играчки.

„Се прашувам што е тоа што го
движи мојот робот“ рече Дени.

Го расклопи за да открие.
„Се прашувам како ѕвони телефонот“.

Го расклопи за да открие.
Откако ќе ги расклопеше
играчките, Дени ги оставаше
делчињата насекаде по куќата.

Го остави својот робот без глава.
Ја остави колата без тркала. Го
остави авионот без крила. Тие
сите изгледаа тажно.
„Можам да ти покажам
како да ги поправиш“,
Рече татко му.
Но Дени сакаше само да ги
расклопува играчките.

Бројот на расипани играчки
растеше и растеше.
Еден ден Дени и неговото
семејство отидоа, во куќата
на баба му.

Баба му многу го сакаше
Дени и Дени ја сакаше баба
си. Таа го пречека со широка
прегратка. Имаше многу
интересни книги. Таа и Дени
секогаш заедно ги читаа.
Дени побара да си поигра со
нешто.

Баба му имаше прекрасен
часовник со кукавица.

Кукавицата секој час се
огласуваше: Ку-ку! Ку-ку!

„Се прашувам дали е
кукавицата жива?“ рече Дени.
Го расклопи часовникот за
да открие.

Кукавицата не е вистинска.
Дени го врати часовникот на ѕидот.
Но тој не работеше без кукавицата.
Што да направи? Дени се
обиде самиот да ги движи
стрелките на часовникот.

„Кукавице, кукавице“, рече тој.
„Кукавицата денес ми звучи чудно“,
рече баба му. „Јас мислам дека тука
има нешто погрешно“. Таа беше многу
тажна.

Дени, исто така, беше тажен.

„Бабо“, призна тој, „јас го расипав
часовникот. Жал ми е. Но ветувам дека
веднаш ќе го поправам“.
Дени ги стави деловите од
часовникот на масата. Се обиде
да ја стави кукавицата внатре.
Но, не беше толку лесно како
што мислеше.
„Тато, дали ќе ми помогнеш
да го поправам часовникот?“
праша Дени.

„Ќе ми биде задоволство да ти
помогнам“, рече татко му.

Дени и татко му го поправија
часовникот на баба.
Кукавицата повторно пееше:
„Ку-ку! Ку-ку!“

Баба силно го прегрна Дени.

„Како да ја слушам мојата
кукавица“, рече таа.

„Ти благодарам што ја поправи“.
Кога Дени пристигна дома, ги
виде сите свои расипани играчки.

„И вас ќе ве поправам“, рече тој.

И ги поправи.