Воспитно-образовната
методологија
„Чекор по чекор“
се имплементира
во 51 градинка
и во 86 основни
училишта. За
воспитно-образовниот
кадар од градинките
и училиштата
се организираат
семинари, едукативни
работилници
и постојани
работни
средби, со цел
поуспешно
имплементирање
на сите компоненти
од образовната
методологија
„Чекор по чекор“.
ПРОФЕСИОНАЛНО
УСОВРШУВАЊЕ
Семинари
и работилници
Семинари
за постојана
обука на воспитно-образовни
тимови од градинки
Семинари
на теми за постојана
обука за наставниот
кадар од училишта
Семинар
за родители
и другите заинтересирани
корисници
Следење
и менторирање
Следење
и менторирање
на работа во
предучилишни
установи
Следење
и менторирање
на работа во
основни училишта
Стандарди
и сертифицирање
Вреднување
стандарди
за реализација
на Програмата
„Чекор по чекор“
во предучилишни
установи
Вреднување
стандарди
за реализација
на Програмата
„Чекор по чекор“
во основни
училишта
Програма
„Чекор по чекор“
за деца од раѓање
до две години
Методологијата
„Чекор по чекор“
за деца од раѓање
до две години
нуди информации
и активности
преку кои негувателите
можат да научат
како да создадат
блиска комуникација
со децата и
родителите,
како да ги опсервираат
децата, како
да создадат
сигурна и грижлива
средина и како
да ја унапредуваат
работата со
децата.
Програма
„Чекор по чекор“
за деца од предучилишна
возраст (3-6) години
Методологијата
за предучилишно
образование
е дизајнирана
за деца на возраст
3-6 години. Главни
компоненти
се: индивидуализиран
приод во работата
со децата, создавање
стимулативна
средина која
ги поттикнува
децата самостојно
да прават избори
и учеството
на семејството.
Интерактивната
обука е проследена
со прирачник
кој содржи
активности,
како воспитувачите
да ја организираат
занималната
во катчиња
за активности,
да ги опсервираат
децата, да користат
автентична
проценка и
да ги поттикнат
родителите
активно да
се вклучат
во изведувањето
на активностите
од програмата.
Програма
„Чекор по чекор“
за деца од училишна
возраст (I-VIII)одделение
Програмата
за деца од училишна
возраст претставува
нова образовна
методологија
која промовира
кооперативно
учење, интегрирање
на содржините
од наставниот
план и програма
врз основа
на тематското
планирање
и развој на
вештини кај
децата за комуникација
и критичко
размислување.
Во прирачникот
и материјалите
за обука се
става акцент
на целокупниот
развој на децата,
учеството
на семејството,
проценката
и евалуацијата,
раководење
во училницата,
вклучување
на децата со
посебни потреби
и развој на
карактерот.
Програма
„Чекор по чекор“
за високо образование
Иницијативата
за високо образование
нуди идеи за
преструктуирање
на подготовката
и програмата
за идните воспитувачи
и учители. Низ
серија семинари
наставниот
кадар од факултетите
и универзитетите
се стекнува
со техники
за примена
на интерактивни
методи за подучување.
Создадени
се и прирачници
за: „Учење низ
игра“, „Индивидуализација
во работата
со предучилишни
деца “, „Партнерство
помеѓу градинката
и семејството“,
„Курикулум
кој во центар
ги има децата“,
„Студија за
децата низ
опсервација
и бележење“,
„Подготовка
на воспитувачите
за работа во
инклузивна
занимална“,
„Воспитувачот
како истражувач“,
„Примена на
акционо истражување
во занималната“.
Програма
„Чекор по Чекор“
за инклузија
на деца со посебни
потреби
Иницијативата
за инклузија
на децата со
посебни потреби
е заедничка
работа на градинките/училиштата
и родителите,
со цел излегување
во пресрет
на потребите
на децата со
посебни потреби.
Воспитувачите/учителите
учат, како да
ја адаптираат
средината
во занималната/училницата
и да ги модифицираат
методите за
подучување,
за да ги оспособат
децата со посебни
потреби успешно
да учат покрај
своите врсници
кои имаат типичен
развој. Обуката
и прирачникот
овозможуваат
поддршка за
воспитувачите/учителите
во реализирањето
на тој процес.
Програма
„Чекор по чекор“-
Развој на стандарди
Овие
стандарди
им помагаат
на воспитувачите
и стручните
служби (педагози
и психолози)
да работат
врз планирањето,
имплементацијата
и проценката
на програмите.
Целта е да се
создаде програма,
која во центарот
ги има децата
и во која воспитувачите
и учителите
го поттикнуваат
учењето на
начин, кој е
соодветен
со развојните
нивоа на децата,
нивните индивидуални
потреби, интереси
и различни
стиловиучење.