СОРАБОТКА И ПАРТНЕРСТВА

Осамостојувањето на Програмата „Чекор по чекор“ не значеше прекинување на врските со ФИООМ (www.soros.org.mk) и неговите програми, особено со оние кои се однесуваат на децата или на воспитно -образовниот кадар. Стратегијата за образовните програми на ФИООМ, се совпаѓа со стратегијата на нашата фондација особено со активностите кои би помогнале во подобрувањето на работата во училиштата, во реализирање програми кои се однесуваат на групите кои се на маргините и во барањето партнери, што се покажа како многу успешно во случајот воспоставување партнерство со Американската Агенција за Интернационален Развој (www.usaid.gov). Нашето искуство, поврзано со искуствата од другите програми, пред се од програмите за развој на образованието за деца, може многу да придонесе во преговорите со Министерството за образование.

Со формирање независни здруженија „Чекор по чекор“, и во другите земји каде што се реализира програмата „Чекор по чекор“ беше формирана и Интернационална Асоцијација „Чекор по чекор“, (www. Issa.nl) со цел да се зголеми соработката меѓу земјите каде се спроведува програмата, како и за заеднички настап пред странските партнери. Интернационалната Асоцијација „Чекор по чекор“ е регистрирана во Холандија и веќе има воспоставено соработка со многу значајни европски фондации и организации кои ја делат визијата на нашите програми. Меѓу нив поважни се: Консултативната група за рано детство и образование, УНИЦЕФ (www.unicef.org), УНЕСKО (www. unesco.org), ОМЕП (www.omep.org.uk), Фондацијата Ван Лир (www.bernardvanleer.org). Фондацијата „Чекор по чекор“, две години по ред имаше претставување на својата работа на „Светскиот форум за рано детство“, во организација на Child Centre Exchange (www.childcareexchange.org) каде беа разменети искуства со професионалци од целиот свет, кои развиваат и имплементираат најразновидни програми на полето воспитание и образование на деца. Врските што нашата Фондација ги има со овие организации, претставува вреден извор за споделување искуства и размена на информации од полето на образованието во земјите од регионот и пошироко.

 

Во изминативе години соработката со Министерството за труд и социјална политика беше повеќе од успешна. Тоа се поткрепува не само со бројот на групите во градинките, кои ја реализираат предучилишната програма „Чекор по чекор“, туку и со фактот дека ова министерство во повеќе наврати и финансиски го поддржа проектот. Во моментов, со договор и поддршка од Министерството за образование основноучилишниот проект успешно се спроведува во 86 училишта во Македонија. Покрај потребното одобрение и дозвола за спроведување на проектот, во основните училишта  во почетокот на учебната година зеднички настапивме пред основните училишта давајќи им инструкции за работа, според програмата за тековната учебна година. Во текот на следните години планираме да продолжиме со соработката со Министерството за образование.

     
 

Бирото за Развој на Образованието во Македонија беше вклучено во спроведувањето и реализацијата на проектот од неговото започнување па  до денес. Со советниците од Бирото е формиран проектен тим, со кој заеднички ги планираме и реализираме активностите неопходни за реализирање на програмата.

 
     
     
 

Соработката со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје беше успешна за време на бегалската криза кога заеднички беа отпечатени 100.000 сликовници за деца на албански јазик. Во текот на месец мај 2003 година, започнати се преговори со УНИЦЕФ за заедничка кампања за подигање на јавната свест за проблемите на сите маргинализирани групи деца.

 
     

Проектот „Социјална инклузија на деца и млади од неразвиени подрачја во Република Македонија“ се спроведува во 10 региони од следниве НВО:

  • „Организација на жени на Општина Маврови Анови“ - Маврово
  • „Рубикон“ - с. Драгоманце, Куманово
  • „Совет за превентива против малолетничка деликвенција“ - Кавадарци
  • „Милениум“ - с. Врапчишта, Гостивар
  • „Поддршка“ - Стар Дојран
  • „Флора“ - Крива Паланка
  • „Демос“ - Прилеп
  • „Феликс“ - Битола
  • „Младински центар за Балканска Соработка“ - Велес
  • „Фебус“ - Неготино
                 
ПОЧЕТOK    
Copyright © by Step by Step Skopje, MACEDONIA; design: SKARABEJ Skopje; E-mail: litka_xox@yahoo.com