ПСИХО-СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Програмата „Чекор по чекор“ до сега ги реализираше следниве теми:

     
   
     
       
     

Видови интелегенција

Запознавање со идејата и значењето на различните видови интелегенција. Учесниците на работилницата ќе се запознаат со концептот за развивање и подобро разбирање на теоријата за различни видови интелегенција, која не е само теорија за интелигенција, туку е еден вид филозофија, како учат децата, како  предаваат наставниците и како функционираат предучилишните установи и основни училишта. Сето ова ќе ги поттикне учителите да создадат различни лекции и содржини за децата.

Мотивација

Значењето на мотивацијата како важен процес во развојот на детската личност. Претставување начини за поттикнување на детската активност преку пофалби, награди, позитивна комуникација, со што учесниците ќе се запознаат со се што им треба на децата  за стимулација на развојот.

Стратегии кои ја поттикнуваат мотивацијата за читање и пишување

Учесниците на семинарот совладуваат техники за поттикнување  мотивација за читање преку проблемско читање, самостојно читање и почетно пишување, преку пишување со користење различни вежби: користење различни видови литература, фази на развивање  способности и интерес за читање и писмено изразување.

Психолошки работилници

Психолошките работилници претставуваат практична примена на методи и техники за поттикнување психички развој кај децата, со што се овозможува активно вклучување на учесниците во процесот поттикнување фантазија, развој на емоции, ослободување од стресни состојби, се со цел будење позитивни чувства и ослободување од негативни.

Самодоверба, самоконтрола и самопроценка

Запознавање со важноста од самодоверба, начини за нејзино поттикнување, можности за нејзино подобрување, како и начини за откривање сопствени можности, ставови, креативни способности,  со цел подобрување на односот кон самиот себе и доверба во сопственото јас.

Емоционална интелегенција

Совладување на поимот емоционална интелегенција и нејзиното значење во животот на човекот на сите возрасни нивоа. Претставување на главните димензии емоционална интелегенција, како и начините на воспитување кои го зголемуваат коефициентот на ЕИ.

Решавање конфликти

Совладување различни начини за критичко осознавање на причини за конфликт како и совладување стратегии за справување со конфликти на лично и професионално ниво.

Однесување на децата

Сфаќање од потребата за надминување негативни однесувања кај децата, стекнување позитивно однесување, поддржување на истото и поттикнување можности за различни видови однесување кај децата, како и техники кои ќе им помогнат, како децата треба да се почитуваат себе си.

Социо-емоционален развој

Стекнување знаења за социо-емоционалниот развој на децата, запознавајќи некои теории и истражувања каде се нагласува важната улога на возрасните во поддржувањето социо-емоционален развој. Зголемување  на свесноста кај учесниците за влијанието на однесувањето на возрасните врз децата и изнаоѓање начини квалитетите најефективно да излезат во пресрет на детските емотивни потреби.

Индивидуализација

Истакнување на важноста и значењето на индивидуализацијата во воспитно-образовната работа, со цел да се согледа неопходноста од нејзината примена во праксата, за остварување на образовните реформи. Претставување теоретски основи на индивидуализација, како образовен пристап. Совладување способности за препознавање и прифаќање на индивидуални развојни разлики, потреби, интереси, реализирајќи ги плановите и програмите за работа со деца од различна возраст. Оспособување за опсервација, евалуација и евиденција на растот и развојот на секое дете, за да ги стават во функција на планирањето активности кои ќе бидат прилагодени на детските индивидуални потреби.

Хиперактивност и агресивност кај децата

Запознавање со развојните и емоционалните потреби на децата. Запознавање со емоционалните проблеми кои се очекуваат да се појават доколку не се задоволуваат потребите на детето на соодветен начин, преку главните карактеристики на развојно хиперкинетски синдром, воедно и давање одговор на повеќе прашања поврзани со интелегенцијата на хиперактивните деца како на пример: Дали хиперактивноста се надраснува? Каква средина е потребна? Како може да му се помогне на хиперактивното дете?

Креативна работилница

Запознавање со концептот на креативноста и нејзината важност за човековата цивилизација. Оспособување за препознавање различни видови креативност кај децата, како можност да им помогнат и да ги охрабрат децата да ја изразуваат природната креативност на начин кој  го избрале сами.

Следење и менторирање

Следење на реализацијата е редовна и неопходна активност на тимот на Програмата „Чекор по чекор“, при што се добива слика за степенот и квалитетот на реализацијата. Секоја посета на училиштата е со однапред определена цел, а целите се поставени во договор со советниците од Бирото за Развој на Образование и координаторите на Програмата „Чекор по чекор“.

 
     
       
     
       
     
       
 
 
 
 
 
 
 
     
       
     
       
 
   
Copyright © by Step by Step Skopje, MACEDONIA; design: SKARABEJ Skopje; E-mail: litka_xox@yahoo.com