ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА

ЦЕЛНИ ГРУПИ

СОДРЖИНСКИ ДЕЛ ОД ОБУКИТЕ

ТЕМИ

ЕДУКАТИВНИ ТЕМИ

ПСИХО-СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

 
     
 
     
   
   

ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА

Обуката на наставниците е една од главните активности на Фондацијата. Семинарите и работилниците се најзначајна компонента која придонесува за успехот во работата. Покрај семинарите за воспитно-образовните тимови од градинките и училиштата кои директно се вклучени во реализацијата на наставниот план и програма кој во центарот ги има децата, реализиравме семинари за педагози, психолози, директори на градинки и училишта, а и за советници од Бирото за Развој на Образованието, кои се одговорни за градинките и основните училишта. Нашите семинари им даваат можност на учесниците за активно учество во висококвалитетна обука и нудат нови информации кои можат да бидат применети во работата со деца. Нашите планови за во иднина се базирани врз основните принципи на Програмата „Чекор по чекор“, а тоа е учење кое ќе трае цел живот и за децата и за сите професионалци кои работат со нив.

 
       

СОДРЖИНСКИ ДЕЛ ОД ОБУКИТЕ

Критериумите за избор на теми кои што ќе се реализираат се детерминирани од следниве насоки:

  • Потреби на тимовите од градинките/училиштата;
  • Потешкотии на кои се наидува при реализирање на некои од компонентите на Програмата;
  • Иницијативи на индивидуални стручни лица, кои имаат потреба од перманентно усовршување во одредено воспитно-образовно подрачје;
  • Потреби, предлози и барања од институции кои се занимаваат со воспитно-образовна дејност за деца и млади;
  • Потреба од стручна и современа обука за работа со деца и млади во рамките на Детските Креативни Центри;
  • Иницијативи за стручна помош во работа со деца бегалци во стресна и злоупотребена состојба и работа со нивните семејства;
  • Потреба од претставување современи модели на воспитно-образовна работа на студенти од Педагошките факултети и  Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет;
  • Спроведување на перманентна обука за работа со деца со посебни потреби;
  • Унапредување и функционирање на модел училишта и модел градинки;
  • Обука за мрежно проширување на обучувачи кои што ќе ја продолжат обуката на воспитно-образовниот кадар.
   
 

Семинарите кои ќе ги реализираме ќе се осврнат на потребите кои ги имаат трите целни групи:

  • Нови наставници и воспитувачи кои до сега немале можност да учествуваат во реализацијата на Програмата „Чекор по чекор“ во градинките и училиштата.
  • Наставници на кои им е потребна дополнителна обука за продлабочување на разбирањето на филозофијата на Програмата „Чекор по чекор“ и „Критичко мислење“.
  • Родители и други заинтересирани (домашни и странски НВО и други институции кои работат со деца).
 
   
     

Темите по својата содржинска и структуирана поставеност, во однос на времетраењето се модифицираат зависно од возраста, за која се наменети, образовната структура, зависно од потребите на учесниците и нивната финансиска конструкција.

ЕДУКАТИВНИ ТЕМИ

ПСИХО-СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

 
 
     

Програмата „Чекор по чекор“ организира обука за:

  • Јавни установи-Детски градинки
  • Основни училишта
  • Педагошки факултети
  • Невладини организации
  • Pодители
  • И сите други заинтересирани институции кои пројавуваат интерес за следење на темите
                   
ПОЧЕТOK    
Copyright © by Step by Step Skopje, MACEDONIA; design: SKARABEJ Skopje; E-mail: litka_xox@yahoo.com