Филозофија
на Програмата
Се
базира врз
основа на теориите на Пијаже,
Ериксон, Виготски
со цел да се
разбере психосоцијалниот
развој на детето
и категоризациите
на самото учење.
Воспитно-образовна
методологија
која во центар
ги има децата,
посебно го
акцентира
оспособувањето
на децата да:
поставуваат
и решаваат
прблеми, да
бидат одговорни
за своите одлуки,
критички да
размислуваат,
вклучување
на семејството
во образованието
на децата.
Кооперативно
учење
Темата
овозможува
запознавање
со различни
видови и стратегии
за учење како
и со основните
модели кооперативно
учење. Запознавање
на идеата за
кооперативно
учење овозможува
достигнување
високо ниво
на разбирање
и развивање
интерперсонални
вештини.
Учење
низ игра
Запознавање
со важноста
на играта, како
и нејзиното
влијание во
сите сфери
на детскиот
развој. Темата
овозможува
учење статегии
за практична
примена на
играта и нејзино
внесување
во наставните
планови и програми
со прилагодување
во различни
услови и средини.
Рано
читање и пишување
Стратегии
и техники за
развивање рано читање
и пишување,
значење во
однос на целокупниот
развој на детето,
а пред се развивање
на останатите
јазични вештини.
Креативна
работилница
за читање и
пишување
Практична
примена на
одредени техники
за развивање
читање и пишување
преку правење
сликовници
и книги, примена
на интерактивни
методи во процесот
пишување, совладување
стратегии
за развивање јазични
вештини.
Тимска
работа
Темата
овозможува
запознавање
на учесниците
со теоретски
сознанија
за тимска работа
и нејзина практична
примена, улога
и одговорности
на членовите
во тимот и значење
на тимската
работа за успешно
постигнување
на целта.
Тренинг
за ментори
Видови
стратегии
за обучување ментори
преку совладување техники
кои се користат
во процесот
на обуката,
дизајнирање работилници
за обука, стекнување
вештини за
самостојно
водење обука.
Евалуација
Темата
овозможува
запознавање
со значењето
на евалуацијата
како составна
и завршна етапа
во работниот
процес, совладување одредени
методи и техники
за евалуирање
и начини за
анализирање
и презентирање
на податоците
добиени со
евалуација.
Учење
преку правење
проекти
Учесниците
се запознаваат
со процесот
подготвување
проекти како
можност за
стекнување
одредени знаења
соодветни
на областа,
развивање
стратегии
и техники за
учење преку
правење проекти,
користење
истражувачко-проблемски
приод и совладување
вештини за
правење индивидуални
и групни проекти.
Креативна
математика
Темата
овозможува
подготвување
на учесниците
за поинаков
пристап во
совладување
математички
содржини, создавање стимулативна
средина за
реализирање математички
активности,
совладување различни
начини за подготвување
и примена на
математички
игри и активности.
Развој
на креативноста
Развивање креативност
и поттикнување оригинален
однос кон творештвото.
Учесниците
имаат можност
теоретски
да се запознаат
со компонентите
на креативното
мислење, проблемот
насочување креативност,
поттикнување
и препознавање
креативност
кај секој поединец.
Креативна
музика
Запознавање
со различни
можности за
совладување музички
содржини и
нивна реализација,
интегрирање
музички содржини
во различни
подрачја, како
можност за
претставување
на музиката
на поинтересен
и покреативен
начин, со цел
согледување
можности кои
ги нуди музиката.
Улога
на учителот
и интеракција
помеѓу ученици
и возрасни
Воочување
потреба од
промена на
улогата учител,
запознавање
со можности
за осовременување
на воспитно-образовниот
процес, подобрување
на комуникација
наставник-ученик,
запознавање
со новата улога,
учителот во
училиштето
денес.
Мајсторство
во учење и водство
во училница
Учесниците се тренираат
за создавање
стимулативна
средина и работа
во училница
во која доминира
клима на меѓусебна
доверба, почит
и прифаќање,
притоа нагласувајќи
ја улогата
учител во поттикнување индивидуални
можности за
секој ученик.
Стилови учење и
начини на кои
учат возрасните
Учесниците
имаат можност
да ги запознаат
различните
стилови учење,
да се најдат
себеси во збир
различни стилови
учење, да умеат
да планираат
прилагодувајќи
се на повеќе
стилови учење.
Овие различни
стилови учење
ни ги потврдуваат
меѓусебните
разлики и потреба
за индивидуален
пристап во
работата, како
со децата така
и со возрасните.
Поттикнување
ран говор
Истакнување
на значењето
на раниот детски
говор, како
значаен аспект
од развојот
на личноста.
Запознавање
со стратегиите
кои го поттикнуваат
детскиот говор,
како и значење
на развојните
степени во
развојот на
истиот. Со работилницата
ќе се нагласат
и поддржат
посебни активности
и однесувања
кои го поттикнуваат
раниот говор.
Креативна
наука
Да
се нагласи
значење на
научно истражување
кај децата,
поаѓајќи од
потребата
за набљудување
и осознавање
надворешна
средина. Преку
креативни
активности,
кај децата
да се поттикнат
вештини за
класификација,
споредување,
набљудување,
мерење, комуникација,
препознавање,
предвидување
итн.
Игри
и играчки
Да
се нагласи
значењето
на игри и играчки
како активности
кои се од посебно
развојно значење
за детето. Да
се претстават
различни начини игра како
една од можностите
за мотивирање
на детето за
учење. Да се
претстават
и поддржат
разни начини
на изработка
на играчки
како и значајни
активности,
со цел збогатување
на наставниот
план и програма.
Креирање
физичка и стимулативна
средина
Осврт
на филозофијата
учење, која
вели дека за
ефективно
реализирање
на целокупните
цели на една
современа
воспитно- образовна
програма, од
важно значење
е добро испланирана
средина за
учење, која
се менува со
менувањето
на потребите,
интересите
која ќе излезе
во пресрет
на нивните
различни брзини
и стилови учење.
Социо-емоционален
развој
Совладување
знаења за социо-емоциналниот
развој на децата,
запознавајќи
некои теории
и истражувања
каде се нагласува
важната улога
на возрасните
во поддржувањето
социо-емоционален
развој,
зголемување
на свесноста
кај учениците
за влијанието
на однесувањето
на возрасните
и квалитетите,
кои тие треба
да ги поседуваат,
а кои се најефективни
во излегување
во пресрет
на детските
емотивни потреби.
Комуникација
Давање
осврт на главните
компоненти
на добра комуникација
и нејзиното
значење во
секојдневниот
живот и во релација
на целите на
воспитно-образовната
работа. Ќе се
утврди важноста
на различните
видови комуникација
и развивање
отворена, искрена
и афирмативна
меѓусебна
комуникација,
на начин својствен
за секоја индивидуа.
Креативна
работилница
Запознавање
со концептот
на креативноста
и важноста
на креативноста
за човековата
цивилизација.
Препознавање
различни видови креативност
кај децата,
со цел да им
помогнат и
да ги охрабрат
децата да ја
изразат природната
креативност,
на начин кој
тие го избрале.
Ќе стане збор
како да се планираат
и имплементираат
креативни
активности
во програмите
за уметност,
интегрирани
со драмски
игри, музика,
танцување.
Вреднување
на воспитно-образовниот
процес и напредување
на учениците
Запознавање
со современи
текови во вреднување
на детските
постигнувања,
како важна
компонента
во воспитно-образовниот
процес. Акцентот
е ставен на
постојана
проценка, која
во себе вклучува
поголем број
методи, техники
и инструменти
за следење
на детските
постигнувања,
а со цел да се
добие пореална
слика за детските
можности и
способности.
Воспитно-образовна
методологија
насочена кон
детето
Насочување,
како учесниците
да дизајнираат
развојно прилагодена
пракса со утврдување
основни стратегии
на процесот
на учење, можност
да се запознаат
со современи
тенденции
во воспитно-
образовниот
процес како
и основни карактеристики
на осовременување
на воспитно-образовниот
процес.
Воспитно-образовен
пристап насочен
кон детето
од раѓање до
три години
Во
текот на семинарот
учесниците
ќе се запознаат
со „Чекор по
чекор“ воспитно-образовната
методологија
за работа со
деца од раѓање
до три години.
Оваа иновација
ќе придонесе
кај малите
деца да се развијат
следниве способности:
да размислуваат
критички, да
прават избор,
да одредуваат
и решаваат
проблеми, да
бидат креативни,
да ја развиваат
фантазијата
и да користат
разни извори
знаења. За да
се развијат
овие способности
кај детето
неопходно
е да се создадат
следниве услови:
развојно прилагодена
пракса, создавање
средина во
која децата
се во центар,
децата да имаат
слобода на
избор, да се
почитуваат
детските потреби
и интереси.
Во остварување
на воспитната
работа вклучени
се и семејствата.
Активни
методи и форми
на работа
Совладување
активни методи
и форми на работа,
кои најдобро
одговараат
на современите
тенденции
во образованието.
(Поопширно
ќе бидат третирани
следниве методи:
правење проекти,
разговор, дебати,
панел дискусии,
правење мапи,
графикони,
решавање проблеми,
набљудување,
изведување
конкретни
активности,
играње улоги
и др.) Од формите
на работа акцентот
е ставен на
групна форма
на работа и
работа во пар,
како форми
на работа кои
најдобро одговараат
за изведување
активности
во училницата,
во кои активностите
се изведуваат
во центри за
активност.
Модели
на планирање
(тематско, неделно
и дневно)
Оваа
тема е наменета
за воспитувачи
и наставници,
кои користат
наставен план
и програма,
со кои имаат
можност да
се запознаат
со различни
модели на планирање,
запознавање
со концепциска
поставеност,
обусловеност
и апликативност
на моделите
за планирање,
од тематско
преку неделно
до дневно планирање.
Како
да бидеме подобри
наставници
Учесниците
преку креативни
работилници
се запознаат
и оспособуваат
за применување
нови сознанија
за детскиот
развој, и се
подготвуваат
за организирање
активности
приспособени
на детскиот
потенцијал,
ниво на развој,
во исто време
ќе поттикнуваат
натамошен
индивидуален
развој, активно
учество, креативен
пристап и следење
на детскиот
развој.
Опсервација
Совладување
опсервациони
методи и техники
во функција
на континуирано
следење на
децата/учениците,
нивна примена
и систематско
собирање информации,
преку кои ќе
се обезбеди
моделирање
конкретни
содржини и
активности
кои одговараат
на правилниот
индивидуален
развој. Преку
обуката, организирана
во работилници,
ќе се презентираат
конкретни
опсервациони
техники.
Вклучување
на семејството
Истакнување
на значењето
од вклучување
на семејството
во сите фази
на детскиот
развој, како
можност за
зајакнување
и откривање
на очекувањата
кои семејствата
ги имаат за
децата и кои
ќе помогнат
во насочување
на воспитно-образовниот
порцес. |