СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ЕКОНОМСКИ НЕРАЗВИЕНИ РЕГИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Проектот „Социјална инклузија на деца и млади од економски неразвиени региони“ е продолжување на активностите и достигањата на проектот „Деца на улица/улични деца“ Главните финансиери на проектот се Кинг Бодуен Фондација од Белгија и Фондацијата институтот отворено општество-Македонија. Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е одговорна за целосно спроведување на проектот, раководење со проектните активности и негово следење. Проектот се реализира од јануари 2002 до декември 2004.

 
     
     
 

Главни цели на програмата се:

  • Создавање услови за соодветен психо-социјален развој на децата и младите од економски неразвиени подрачја;
  • Зајакнување на капацитетот на локалните НВО и заедници за решавање комплексни проблеми;
  • Создавање мрежа на соработка меѓу НВО, чија  улога и интерес се фокусирани на развој и обезбедување помош за децата и младите во руралните и неразвиени заедници;
  • Подигање на јавната свест за важноста на образованието.
 
 
     
 

Во периодот од три години, зацртани за реализирање на проектот „Социјална инклузија на деца и млади од економски неразвиени региони“, се очекува да се постигнат следниве резултати:

  • Поддршка на децата и младите
  • Промовирање активности кои го истакнуваат значењето на образованието
  • Поттикнување и развој на родителски вештини, како и подобрување на емотивната клима во сиромашните семејства.
  • Информирање на јавноста (владините организации, донаторите) за проблемите со кои се соочуваат децата и сиромашните семејства.
 
     
     
 

Покрај проектите кои ги спроведуваат НВО, а кои се поддржани со Програмата, Фондацијата „Чекор по чекор“ организира обука за членовите на НВО и за институциите од локалната заедница, панел дискусии, дебати и медиумска кампања, со цел унапредување на јавната свест за проблемот и јакнење на капацитетот на локалната заедница за соочување со проблемот и изнаоѓање начин за заштита и решавање на истите. Поради комплексноста на Програмата во целиот програмски циклус вклучени се голем број институции и индивидуи: Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, Центрите за Социјална работа, Универзитетот во Скопје, НВО и локалната самоуправа.

 
     
     
   
     
   
 
   
                   
ПОЧЕТOK      
Copyright © by Step by Step Skopje, MACEDONIA; design: SKARABEJ Skopje; E-mail: litka_xox@yahoo.com