НОВИ ПУБЛИКАЦИИ
 
ЗА ФОНДАЦИЈАТА
ОСНОВАЧ
МИСИЈА
ЗАДАЧИ
ПОЧЕТОЦИ
ПРОГРАМСКИТЕ ОСНОВИ

ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ И ДРУГИ ПРОЕКТИ

РЕИ-проект Македонија

ТИМОТ НА „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“

 
     

ЗА ФОНДАЦИЈАТА

Фондацијата „Чекор по чекор“  го поддржува развојот на отвореното општество, реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, човековите (детските) права и граѓанското општество.

Фондацијата води, координира, учествува и директно спроведува активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во предучилишните установи и основните училишта во Република Македонија.

Според мисијата, контекстот во кој се наоѓа образованието во Македонија и соработката со другите владини и невладини организации, Фондацијата веќе имплементира програми во системот на предучилишното образование, во основните училишта како и во други образовни и културни институции.

 

ОСНОВАЧ

Основач на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е Фондацијата Институт Отворено Општество- Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ е регистрирана, со цел да се продолжи воспитно-образовната програма „Чекор по чекор“, која започна да се реализира во 1994 година како регионална програма на Институтот Oтворено Oпштество од Њујорк и Универзитетот „George Town“ од Вашингтон. Од почетокот на 1994 до крајот на 1999 година, програмата функционираше во рамките на Институтот Отворено Општество- Македонија. До крајот на 1999 година за програмата „Чекор по чекор“ од буџетот на Институтот Отворено Општество Македонија и Институтот Отворено Општество Њујорк- издвоени се околу 7. 000. 000 $.

ЗАДАЧИ

Фондацијата „Чекор по чекор“ има поставено за задача да:

  • Промовира образовни иницијативи, кои се базираат на приоди насочени кон децата;
  • Го поттикнува демократскиот процес во образованието на децата, младите и возрасните;
  • Го поттикнува емотивниот, социјалниот, когнитивниот и физичкиот развој, ја поттикнува креативноста кај децата и младите без разлика на нивната социјална или етничка припадност;
  • Се залага за секаков вид помош на децата со пречки во развој, децата во неволја и децата во сиромаштија;
  • Ја поттикнува комуникацијата и соработката на семејствата со градинките и училиштата;
  • Ја продолжува идејата за континуирана обука на воспитно-образовниот кадар во градинките, училиштата и високообразовните институции кои подготвуваат наставници и воспитувачи;
  • Ја поттикнува локалната средина да даде свој придонес за посеопфатен развој на децата;
  • Поттикнува издавање стручна и помошна литература за целокупниот развој на децата како и издавање детска литература;
  • Им обезбедува можности,  децата креативно да се изразуваат низ разни видови уметност;
  • Ги промовира образовните, културните и уметничките вредности на нашата земја;
  • Ја подига јавната свест за разни прашања, во врска со децата и можностите за нивниот целокупен развој;
  • Развива партнерство со други невладини организации кои се занимаваат со слична проблематика, како и со други образовни институции, кои им обезбедуваат на децата и младите услови за квалитетно образование;
  • Поттикнува создавање мрежа невладини организации кои ги заштитуваат интересите на педагошките работници, родителите и децата ;
  • Ги зајакнува интернационалните контакти со организации од странство, преку членување во Интернационалната Асоцијација „Чекор по чекор“, која нуди можност за реализирање проекти на интернационално ниво.
 

МИСИЈА

Мисијата на Фондацијата е да поттикнува, развива, води и реализира програми кои ќе им помогнат и овозможат на децата и младите да ги достигнат своите целосни потенцијали, со тоа што ќе имаат еднаков пристап до квалитетно образование. Фондацијата ќе се залага за поквалитетно образование преку демократизација на наставниот процес и ќе ја застапува идејата за постојана обука и поддршка на воспитно-образовниот кадар, педагозите, директорите на градинките и училиштата. Фондацијата ќе продолжи да соработува со надлежните министерства и педагошки институти.

 

ПОЧЕТОЦИ

Програмата „Чекор по чекор“  започна да се реализира во 1994 година, во 10 предучилишни установи во Република Македонија.

Идејата за спроведување на овој проект, се појави како резултат на брзите промени кои се случуваа кај нас и во светот и кои бараа од нас да им помогнеме на децата да станат самопоттикнати ученици, да оформат знаења, ставови и вештини кои им се потребни за успешно  соочување со предизвиците, со кои ќе се среќаваат  во дваесет и првиот век. Моделот на воспитната работа и методите по кои се работи, претставуваат основа во предучилишната воспитно-образовна програма во едно демократско општество.Воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор“, вклучува образовни техники и методи на работа, кои соодветствуваат на развојното ниво на детето и истите ги адаптира во земјата во која се реализира. Овој методски модел овозможува почитување и зачувување на образовната традиција и стандардите за воспитание и образование во земјата во која се спроведува. Во реализацијата се поаѓа од наставните планови и програми во земјите во кои таа се реализира.

Програмските основи на воспитно-образовната методологија „Чекор по чекор“ се базираат врз следниве цели׃

  • Истакнување на индивидуалноста на секое дете;
  • Поттикнување на целокупниот развој на децата׃ когнитивен, физички, социјален, емотивен и естетски;
  • Вклучување на семејствата;
  • Постојана  обука и техничка поддршка во реализирањето на Програмата „Чекор по чекор“.

Демократски принципи за работа со децата, при што на децата им се нуди можност за избор, стимулативна средина со разновиден дидактички материјал во центрите за активност и соработка со семејствата, се најважни карактеристики на програмата, кои во изминатиов период станаа прифатени од воспитно-образовните работници, родителите и се разбира децата. Евалуацијата која се спроведува секоја година, ги потврдува позитивните ставови на реализаторите и родителите. Истражувањата за нивото на знаењата кај децата, покажуваат дека децата кои работат по Програмата „Чекор по чекор“ имаат подобри резултати во наставата.

 

Тековни активности и други проекти

Фондацијата има одлична соработка со министерствата кои се одговорни за прашањата врзани за децата и младите, како и со Бирото за развој на образованието. Има воспоставено континуирана соработка и комуникација со предучилишните установи и основните училишта каде ги реализира своите тековни активности во имплементирањето на Програмата „Чекор по чекор“. Од почетокот  на 2002 година Фондацијата „Чекор по чекор“ е носител на проектот „Социјална инклузија на деца и млади од економски неразвиени подрачја“ кој е финансиран од ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен. Во рамките  на овој проект веќе се воспоставени и постојани односи со 10 невладини организации во Македонија.Во тек е реализацијата на проектот „Креативна настава и учење“ кој е финансиран од Американската агенција за помош и развој каде фондацијата „Чекор по чекор“ се јавува како партнер за имплементација на ФИООМ.

       
 
Сузана Киранџиска - Извршен директор e-mail: skiran@soros.org.mk
   
  • Мирослав Стојановиќ - Административен асистент
  • Симона Палчевска - Образовен координатор
  • Атина Тасевска - Образовен координатор
  • Бранка Трифуновска – Образовен координатор
  • Петра Ристиќ - Образовен координатор
  • Татјана Георгиева-Лазаревски - Образовен координатор
  • Зорица Јовановска - Образовен координатор
  • Елеонора Чабуковска - Образовен координатор
  • Лида Трајковска – Техничка поддршка

 
         
     
  suzana@stepbystep.org.mk  
     
  miroslav@stepbystep.org.mk  
simona@stepbystep.org.mk
tina@stepbystep.org.mk
branka@stepbystep.org.mk
petra@stepbystep.org.mk
tanja@stepbystep.org.mk
zorica@stepbystep.org.mk
eleonora@stepbystep.org.mk
lida@stepbystep.org.mk
 
                     
    ПОЧЕТOK        
                     
 
Copyright © by Step by Step Skopje, MACEDONIA; design: SKARABEJ Skopje; E-mail: litka_xox@yahoo.com