Детскиот
Креативен
Центар е отворен
како иницијатива
на Програмата
„Чекор по чекор“,
уште додека
беше во рамките
на ФИООМ. Со
финансиска
поддршка на
ФИООМ, ИОО-Њујорк
и Младинскиот
Културен Центар.
Детскиот Креативен
Центар во Скопје
е единствена
културна институција,
која нуди интерактивен
простор за
деца и возрасни
и им дава квалитативен
придонес во
учењето, интелектуалниот
и креативниот
развој на децата.
ДКЦ
во Македонија
е навистина
оригинален
креативен
центар за децата
и семејствата.
Врз основа
на фактот дека
само 12% од децата
во Македонија
одат во градинка,
ДКЦ е место
за неформално
образование
и во исто време
културна средина
која нуди можности
за сите деца,
вклучувајќи
ги децата кои
не одат во градинка.
За нив, овој
простор нуди
можност, да
минат време
во стимулативна
средина, во
која изведуваат
различни активности
и во која имаат
изложби. Центарот
поттикнува
учество на
семејството,
работи врз
зајакнувањето
на мулти-културната
заедница и
помага во истражувањето
на уметноста,
науката и меѓучовечките
односи. Центрите
се користени
како место
за организирање
изложби на
детски цртежи
и изработки
и за организирање
семинари за
возрасни, за
подобро разбирање
и поддршка
на детската
креативност.
ДКЦ
е отворен за
ситедеца до 12 години,
за нивните
родители како
и за наставниците
и воспитувачите
од градинките
и основните
училишта, кои
постојано
го посетуваат.
месечно.
Иако
скоро целокупното
финансирање
е препуштено
на Младинскиот
Културен Центар
и на градинката
„Ацо Караманов“
од Радовиш,
сметаме дека
наша обврска
е и натаму да
бараме средства
за осмислување
нови активности
и подобрување
на работата
на овие креативни
центри.
За
Детскиот Креативен
Центар досега
беа обезбедени
средства од Балканска
фондација
за деца и млади
и Светска банка.
Во мај 2003година,
повторно е
добиен грант
од Балканска
Фондација
за деца и млади
во висина од
15.800 $.